Денес малиот а голем Јане Велковски слави, има голема причина за тоа

0

Нема кој не го знае Јане Велковски, навидум обично момче од Скопје, дете кое сака фудбал и маалски дружби. Јане боледува од СМА- спинална мускулна атрофија, и стана омилен на целиот народ, но и светски познат поради неговата љубов кон фудбалот.




Во една прилика, во Женски магазин тој раскажа дел од својата љубов кон фудбалот и рече зошто знае да се закача со неговиот брат Оги.
Оги е „ѕвездаш“, Јане „партизановец“.




„Еднаш јадевме пица во еден ресторан тука блиску. Тогаш „Партизан“ изигра нерешено против „АЗ Алкмар“. Вработените на пицеријата, за да го закачаат Јане, со кечап напишале 2-2 на пицата“, низ насмевка раскажува Оги.

За prkos.mk пред извесно време, Јане раскажа како му поминува еден ден.




Јас сум Јане Велковски, учам во подрачното основно училиште „Димитар Поп- Ѓеорѓиев Беровски“ во населбата Хром.

Мојот живот во оваа населба е многу среќен и весел, се чувствувам безгрижно бидејќи сите се познаваме и се дружиме. На централно место е нашата „пољанка“ која ни е место за собирање и играње, каде има деца од многу генерации.

Еден дел од пољанката е со песок и играчки за помалите деца, другиот дел е само со трева каде играме фудбал и други игри, а има и оградено бетонско игралиште со голови и кошови, каде најчесто играат најголемите.




Јас и моите другари сме во средната возрасна група, но често постарите ни отстапуваат место да играме и на головите. Се дружам со сите, но најмногу уживам со децата од моето одделение.




Тие се мои најдобри другари и моја најголема поддршка, а и јас нивна. Од прво одделение сме заедно, нераздвојни сме и на училиште, и дома и надвор. Во текот на првите 5 години од образованието имавме многу повеќе време за убави дружби надвор од училиште.




Речиси секојдневно се договаравме за играње дома по часовите, родителите се организираа за заеднички шетања на различни места, славење на Нова година заедно, родендени, празници и слично.




Вечерите најмногу ги сакам и ги оставам за гледање фудбал и играње со другари или со брат ми. Сега најмногу играме Фифа 20 или некоја друга игра. Обично тогаш вечерам и гледам ТВ и полека денот го завршувам спремајќи се за спиење.“, рече детето-ѕвезда.




За да го подобри своето здравје, тој претсојуваше во Париз на терапија од каде пто неодамна неговата мајка објави слики и рече дека Јане се чувствува добро, а го релаксираатб и прошетките низ Париз.




Денеска, малиот а голем Јане станува тинејџер. Тој слави роденден, а многумина му го честитаат на социјалните мрежи. Среќно Јане!

Претходна статијаИрена Спасовска: Тежок е овој живот кафански
Следна статијаСинот на Лепа Брена направи голема промена, Перо Антиќ го нарече братче и му постави прашање (ФОТО)