Лила призна дека живеела на село и сподели емотивен спомен (ФОТО)

0

ЛЕдна од нашите најпопуларни водителки, Лила Филиповска секојдневно ја гледаме на Сител телевизија како водителка на квизот, кој прерасна во шоу, „Се или нешто“.

Лила со долгите години ТВ стаж зад себе, прерасна во голема ѕвезда, а сега веќе е и успешна инфлуенсерка со повеќе од 200 илјади следбеници на Инстаграм.




Водителката многу ретко зборува за својот приватен живот, па речиси никогаш ништо не открива. На социјалните мрежи споделува фотогографии од нејзините активности, а многу ретко знае да сподели фотографија и со нејзиниот син Филип.

„Ако видите кај мене некој прекрасен статус што го слави бракот и слично, да знаете дека ми го хакирале профилот“ е цитатот во кој се пронајде убавата водителка и симпаично се пошегува со своите следачи.




Лила често на социјалните мрежи знае да сподели и фотографии од нејзиниот син единец, кој сега тргна по нејзините стапки. Во опис на нивните заеднички фотографии секогаш има некоја шега во нивни стил со која ја засмејуваат јавноста.




По повод еден негов роденден таа напиша емотивна порака за него.

„Моја прва среќа, моја љубов, моја поддршка ,моја десна рака, мој свет, мое сѐ …најсреќен роденден…..те сакам“. напиша водителката под фотографијата под која се редеа и честитки од нејзините фанови.




По тој повод Лила исто така во кратките приказни на Инстаграм кои траат 24часа сподели фотографија – колаж на која е заедно со нејзиниот син, а во описот на фотографијата напиша „Можеби сум те родила, но не се сеќавам. Најсреќен роденден човеку на мојот живот. Те сакам“, напиша Лила.

Лила веќе има снимено неколку песни, а сега реши повторно да ѝ се врати на музиката, па сними дует со младиот пејач Филип Пешевски.




Таа на промоцијата на својата нова песна, дуетот со Филип Пешевски, целата блескаше. „Тешко мене без тебе“ е дует темата кои ја снимија Лила и младиот и талентиран пејач Филип Пешевски.

– „Тешко мене без тебе“ е прекрасна композиција која ми легна од прво слушање. Филип е младо момче на кое му претстои блескава кариетра. Драго ми е што сум дел од неговите почетоци – вели Лила.




Пешевски е автор на музиката и текстот, а аранжманот е на Роберт Билбилов. За песната е реализран и видео клип во режија на „Томато продукција“. Во улога на продуцент, за првпат се јавува Зоран Василвски -Фаци.




На промоцијата. Лила облекла провокативно фустанче со чипка, а по сторињата се гледа дека како вистинска ѕвезда нејзиниот соработник Спасе ја земал од дома и заедно заминале на промоција.




Лила изгледа совршено, и внимава на исхраната, но и таа знае да си даде оддишка некогаш, па објави слики како се слади со сендвич од Мекдоналдс и напиша: Само едно залче.

Но, животот на Лила изгледа дека не секогаш е гламур и сјај. Таа објави еден убав емотивен спомен, сика од стара куќа во скопското село Бунарџик, каде што според коментарите на своите пријатели, таа има порано живеено.




Еден коментар дури вели: Милион пати слушнав приказна дека сте живееле во Бунарџик. Но, никогаш не поверував“. Лила својот спомен од детството го зачини со убава поезија, а тоа е „Везилка“ од Блаже Конески која ја цитираше:

И најмил спомен што в душа ми блеска, се гаси од нив ко цвеќе без боја.




Но ти што ловиш звук на чудна песна ти си ја кажа судбината своја.

Претходна статијаАдријана Алачки си најде нова Ирена, замена за Спасовска (ФОТО)
Следна статијаСтефан од „Некст тајм“ во љубовна прегратка, дали на сликата е манекенката Маја? (ФОТО)