ОДИМЕ НА МЕДАЛ ВО ТОКИО: Дејан Георгиевски го победи двојниот светски шампион во Таеквондо

0

Најдобриот македонски таеквондист имаше фантастичен прв настап во Токио, го помина актуелниот светски шампион Алба Кастиљо и се пласираше во следната рунда.




Дејан Георгиевски, кој е еден од двајцата македонски олимпијци кои обезбедија норма, атакува на медал на Олимпијадата во категоријата над 80 килограми. На стартот направи крупен чекор кон остварување на целта.

Со резултат од 11-8 го победи Кубанецот, Алба Кастиљо кој е актуелен светски шампиион во овој спорт.




Героргиевски првата рунда ја доби убедливо со 5-1, втората со 5-2. Во последната решавачка влезе со предност од 10-3. Кубанецот се обиде да се врати, го намали резултатот, но Георгиевски успеа да го задржи големото водство и на крајот да слави со 11-8.




Во четвртфиналето Георгиевски ќе се бори со Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска.

„Верувај во себе дејан! Веруваме во тебе!!!

Извонредна победа на дејан георгиевски против двојниот светски првак од куба алба кастиљо. Дејан во 1/4 финалето на ои токио 2020!!!




Двојниот светски првак, кубанскиот таеквондист алба кастиљо се поклони пред македонскиот олимпијец, дејан георгиевски!!! Голема победа на дејан со 11:8!
Браво дејан!

Во 15:30 часот ќе се бори за влез во полуфиналето на ои токио 2020, напишаа на страната на МОК Македонија.“




Претходна статијаБети Канческа проговори за 27 април и за колегите на кои денес им беше соопштена пресудата
Следна статијаСе огласи синот на жената која пред три дена во Грција беше спасена од д-р Сашко Николов