Блаже Аризанов: Ајде конечно да го разбиеме и последниот и омилен мит на Македонскиот мажјак – Неандерталец

0

Статус на Блаже Аризанов: Ајде конечно да го разбиеме и последниот и омилен мит на Македонскиот мажјак-Неандерталец.




“Ако жената сака еднаквост со мажот, што не земе да крева вреќи цемент од пеесет кила, да се пика по шахти, да се качува по бандери, да се… блаблабла..”

Првата слика што ќе те сретне во Делхи се градежните работници. На скелиња од бамбус подеднакво и мажи и жени.




Жени товарат легењи и кофи со цемент и право горе на спратот. Но со една разлика. Овие жени носат и бебе на грбот. Не можеле да носат цемент? Абе и тебе ќе те фрлат сосе него.




Погледни го филмот The North Country базиран на вистински настан, за првата жена рудар и битката што ја водеше со системот но и со колегите рудари, кои ја омаловажуваа и сексистички ја навредуваа заради изборот на нејзината професија. Жени градежници на градежни пунктови во Талин и Хелсинки.




Жени возат трактор и прават утовар и растовар на лубеници по селата.
Типичната глупост што ќе ја тресне Македонскиот мажјак-Неандерталец е – зошто нема повеќе жени во вакви професии? Сигурно има причина.




Сигурно природата направила вака со причина. Се си има сфатено Македонскиот мажјак-Неандерталец и тоа само преку завршен курс на Фејсбук универзитетот – “Овие глобалистите, сатанистите, Соросите се против редот на природата.”




А колку од Македонските фамилии би дозволиле да нивното девојче биде рудар? Водоинсталатер? Не е дека природата не ги изградила како такви – фамилиите не дозволуваат. Отсекогаш nurture играла далеку поголема улога од nature.




Знаеш која е препорачаната професија за женските од моето родно Борисово? Да се омажи за Швајцарец. Да учи ќерка им за водоинсталатер? Боже сачувај! Обични богобојазливи луѓе немаат проблем да нивната ќерка ја третираат како добиток и да ја напикаат кај најбоџованот пеџалбар.




Исти вакви луѓе не можат да и простат на сестра ми што и покрај нејзините квалитети не избра да фати некој Швајцарец, да се обезбеди во животот разбираш а наместо тоа го избра потешкиот пат, кариерниот пат.




Жени – Ваша е следната револуција.“

Претходна статијаТрифун Костовски: Барам предвремени парламентарни избори
Следна статијаШербет колачиња – ефтини, лесно се прават, уште побрзо се јадат