Силен земјотрес на Грчки остров – се тресеа прозори, пукаа ѕидови на стари куќи

0

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, денес го погоди Крит, предизвикувајќи материјална штета главно на стари куќи, пренесува „Катимерини“.




Епицентарот на земјотресот бил на 22 километри југоисточно од главниот град на островот Хераклион, на длабочина од 4,5 километри.

Според извештаите на локалните медиуми, земјотресот ги стресе прозорците и предизвика пукнатини на sидовите на куќите во областа на градот Аркалохори. Потоа, следуваа уште неколку потреси.




Претседателот на Организацијата за планирање и заштита на земјотресите, Ефтимиос Лекас, рече дека овој земјотрес не треба да предизвикува посебна загриженост бидејќи ваквите магнитуди се нормални и вообичаени за тој регион.




Наш читател пред четири дена ни испрати видео и фотографии од Ситонија, вториот крак на Халкидики, каде како што вели тој, се споија небо и земја!

-Утрово ништо не навестуваше ваков развој на настаните. Беше сончево и се подготвувавме да одиме на плажа.




Се наоѓаме на вториот крак, некаде помеѓу Торони и Сарти. Одеднаш, за само неколку минути се смрачи, како да се споија небо и земја и започна да врне силен дожд.

Друг наш читател раскажува дека завчера имало земјотрес со послаб интензитет, а најверојатно како резултат на истиот се појавиле по големи бранови но и медузи, кои се невообичаени за овој дел од летото:




-Вчера и денес, буквално не се влегува во море! Вакво нешто до сега немам видено. Се наоѓам на вториот крак, но со пријатели кои се на првиот ми кажаа дека и таму ги имало. Илјадници по мали и по големи медузи се насукани на самиот брег. Едноставно не можеш да ги избегнеш, распоредени се на неколку сантиметри.




Два дена седиме на плажа и не влегуваме, бидејќи имаме слушнато дека испуштаат некаква течност која може да те испече. Особено сме изненадени, бидејќи најчесто медузите се појавуваат кон крајот на август и почетокот на септември.




Меѓутоа, најверојатно силните бранови кои преовладуваа изминатите два дена, ги имаат донесено близу морскиот брег.

Доколку епицентарот на денешниот земјотрес бил во морето, туристите кои се во Грција, можат да очекуваат немирно море во следните денови.




Претходна статијаНајпознатиот српски епидемиолог: Треба да се размисли да се двојат имунизираните од неимунизираните
Следна статијаТрифун Костовски: Барам предвремени парламентарни избори