Џеват и Шукране од Куманово: Д-р Симеонов го најде „чарето“ за нашето дете

0

-По цели две години талкање низ здравствени институции, разни мислења од доктори, но без решение за нивниот проблем, конечно насмевка на лицата на родителите Џеват и Шукране Даути од Куманово.




Веднаш по раѓањето на нивното второ дете, синчето Ебрар, уште за време на престојот во болница за нив започнале проблемите со кои се соочуваат првпат. Мајката на малиот Ебрар, Шукране вели дека во текот на првите три дена бебето воопшто немало столица, за што била доста загрижена и добила одговор дека сепак тоа е нормална појава кај секое новороденче.




Поминале и повеќе денови во болница, состојбата била без промени, загриженоста и стравот уште повеќе почнале да растат. Од самото раѓање на детето се соочиле со голем проблем, а помош побарале на многу места. Биле препратени во болница во Скопје и по неколку направени испитувања добиле одговор дека не се работи за нешто сериозно и дека треба да почекаат да се развијат цревата кај детето.




„Нашиот проблем беше многу сериозен. Детенцето од самото раѓање имаше проблем со дебелото црево и столицата. Секаде баравме помош. Го прегледаа разни доктори специјалисти, беше направен и ултразвук, но не убедуваа дека нема ништо, се е во ред и дека треба да почекаме за да се развијат цревата кај детето.




Поминаа две години, а нашето дете се уште го имаше тој проблем, Ебрар растеше со таа мака. Благодарение на наши роднини од странство користевме прашок кој иако не беше решение за проблемот, ни беше од голема помош за да ја олесниме состојбата на нашето дете, во одредени периоди користевме и клизма, се снаоѓавме со сите наши сили. Детето постојано беше омалаксано, со подуено стомаче, немаше сила, немаше апетит и повраќаше, колку што нему му беше тешко, толку и нам“, раскажува таткото Џеват.




Нивната голгота за решение за проблемот на нивното синче завршува кога добиле неколку препораки за д-р. Ристо Симеонов, детскиот хирург во “Ацибадем Систина“ кој ја поставил точната дијагноза Хиршпрунгова болест и кој е единствениот во нашата земја кој може да го реши нивниот проблем, бидејќи зад себе веќе има направено повеќе успешни операции од истиот вид, а за тоа им сведочеле позитивните искуства на пациентите.




„Многу сме среќни што добивме препорака за д-р. Симеонов. Кога не прими докторот и го виде случајот, ни рече дека сме имале среќа што сме успеале да најдеме некои алтернативни решенија, бидејќи оваа состојба можела да предизвика сериозна инфекција.




Д-р. Симеонов е вистински професионалец и голем човек, тој е единствениот којшто ја постави точната дијагноза, а тоа е Хиршпрунгова болест, вродена болест кај детето. Детално ни ја објасни состојбата и начинот на којшто ќе се врши операцијата. Како и сите родители за нашето дете го посакуваме наједноставниот и најлесниот начин, а д-р. Симеонов ни гарантираше 95% успешност. Неговиот професионален пристап и искуство беше доволно да ја добие нашата целосна доверба“, велат родителите на Ебрар.




Хиршпрунгова болест е конгенитално заболување кое влијае на дебелото црево како резултат на недостаток на нервни клетки во мускулите на дебелото црево на бебето и предизвикува проблеми при дефекација.




Се лекува само хируршки. Трансанална ресекција на аганглионарниот сегмент од дебелото црево во третманот на Хиршпрунговата болест е хируршка техника која што во Република Македонија се применува само во болницата „Аџибадем Систина“. Во текот на последните две години во периодот 2019-2021 направени се 20 вакви операции кај деца на возраст до 10 години.




„Операцијата се изведува преку аналниот отвор, се извлекува аганглионарниот сегмент од дебелото црево, се прави ресекција и анастомоза. Предноста во споредба со другите хируршки техники е што се прави само една операција- со другите хируршки техники се прават 3 операции, нема отворање на колостома- освен во исклучително тешки и комплицирани случаи, нема отворање на абдоменот (лапаротомија), одличен естетски ефект, помалку болнички денови (пократка хоспитализација), помала постоперативна болка, помалку аналгетици и антибиотици, побрз внес на храна и течности преку уста, помалку компликации“, објаснува Др. Симеонов.




Со искрена и весела детска насмевка Ебрар повторно го сретна својот херој д-р. Симеонов и побрза да го прегрне. По само еден месец од операцијата, Ебрар сега е како ново дете. Постојано е насмеан, ведар и расположен да си игра со својата поголема сестричка. Родителите велат дека и проблемите со апетитот веќе ги нема и се храни одлично.

„Секој родител знае што значи за едно дете престој во болница и како тоа може да се влијае понатаму врз него и најважно за нас беше да не доживее траума и страв. Токму поради тоа сум многу благодарна, моето дете дојде среќно во болница и без да се плаши од познатата бела наметка за што најзаслужен е д-р Симеонов“, вели мајката Шукране.

Организацијата и системот на работа во „Аџибадем Систина“ се на светско ниво. Болницата нуди беспрекорни услови и професионалност. Треба да сме горди што во Република Македонија имаме доктори нашиот д-р Симеонов, додаде таткото Џеват.

Извор: Аџибадем Систина

Претходна статијаГолем човеку, секоја ти чест: Здравко Чолиќ не се фали со ова – му го дал станот во кој е роден на човек со попреченост
Следна статијаСтевчо застана на страната на неговиот наследник Стефан Богоев: Тој не направи ништо, зошто претходно беше направено сè