Фросина го коментираше Сашо Тасевски: Жал ми е за жена му, ама сама си го барала

0

Актерот Сашо Тасевски секојдневно коментира на својот профил различни настани од секојдневието. Тој денес напиша:




„Мила ќе ги учела девојчињата уште во основно школо да бидат лидери. Грав и летна манџа што нема да знаат да направат не е важно. Никој не јаде денес. Тоа е демоде.
А машина за перење кој ќе ги научи да пуштат?




Или тоа не важно. Зашто како идни лидери нема да имаат обврска да родат деца.
Оти кога си лидер, немаш обврски. Освен да лидеруваш на пешкир паради. Има кој да раѓа. Момчињата да речеме.




Мила, душо, го знаеш патот за Бардовци? Ако не го знаеш пушти џи по ес. Нема утка.
Ќе те пречекаат фино. Кажано им е. Имаш посебен апартман со посебен третман. Во делот кај лидерките. Први сосетки ти се Јованка Броз, Џеки Кенеди и Ејми Вајнхаус.




На неговиот пост имаше многу реакции, кои го поддржаа неговиот став, но и такви кои  го осудија. Фросина Фро го прокоментира на својот профил:

„Од дијагнози на денов го издвојуваме глумецов, кој кога настапуваше на стендап у Џубокс, а јас таму работев, никој не му се смееше на заеванциите.




Затоа и само 2 пати настапи у 1 година. И жал ми е за жената што му е жена. И че се изразам у негов стил: сама си го барала.

Па за промена машките деца нека научат да праат летна манџа, да пуштат машина за перење, и.т.н…




Или тие не треба да ги знаат овие работи? Колку што знам у 21 век домашните обврски треба да се подеднакво распределени помеѓу сите работоспособни членови. И каква врска има раѓањето со домашните обврски?




Или лицето што раѓа е само задопжено за домашни обврски, а донаторот на сперма е доволно да оди на работа и да лежи ко ќе си дојде? И зошто мислиш дека ако некој развие лидерски способности, по автоматизам значи дека нема да раѓа или да придонесува со својата работа и време во завршување на домашните обврски?




Се уште на жената гледаш како на инструмент за раѓање? Ок, тогаш и мажот не е нешто повеќе од епрувета за расплод ако така дискриминирачки настапуваш.

Или се плашиш дека жената ќе се еманципира до тој степен што мажите како тебе у иднина нема да ги погледне ни како примерок за расплод, а не па како битие способно еднакво да партиципира во завршување на домашните обврски и тоа што значи заеднички живот.




Не знам само како се собира толку лошотија у едно чоече од метро и шеесе. Кај ја чува?

Претходна статијаЕлена Ристеска: Ни радост, ни тага, ни успех, ни пораз, бескрајно ми фалиш (ФОТО)
Следна статијаВодителката Елена се врати од одмор како нова личност, еве зошто (ФОТО)