Шоуменот Игор Џамбазов и ликовната уметничка, планинарка и скијачка Илина Арсова уживаат во љубовта, а тоа се почесто го покажуваат и преку социјалните мрежи.
За нивната љубов се пишуваше на големо. И восхитува тоа кога двајца се вљубени. Љубовта е најисконското нешто и се појавува во разни форми.
Водителот, шоумен, музичар и писател Игор Џамбазов во интервју за „Бекстејџ“ зборуваше за љубовта со планинарката Илина Арсова, па откри како се запознале и како почнала нивната емотивна приказна.
Се запознавме пред пет години, преку наши заеднички пријатели во Охрид. Го побарав од нив нејзиниот број и и се јавив. И се претставив и и кажав, сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да те запознаам тебе.
После тоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас променив локација. После неколку месеци ми се случи првиот здравстен крах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа.
Се немавме видено долго време се додека не почна карантинот. Се сретнавме во Дојран, а се после тоа е историја, раскажа Џамбазов.
Призна и дека врската со Илина е сериозна, па не ја исклучи можноста наскоро да започнат заеднички живот.
-Не сакаме да носиме избрзани одлуки, ќе оставиме на времето, спонтано нека се случи се. Сепак, сигурен сум дека ова ќе потрае, призна Игор.
-Кога имаш до себе жена која е меѓу шеесет и нешто жени во историјата што го направиле тој подвиг (мислејќи на нејзините достигнувања во планинарењето), сфаќаш дека имаш работа со посебен човек.
И уште ако ви се вкрстат енергиите, заедничките размислувања и оние нешта кои не’ порзуваат околу уметноста, околу тоа колку ја сакаме Македонија, околу начинот на живот, скромноста во животот, – раскажува Џамбазов.
Призна и дека врската со Илина е сериозна, па не ја исклучи можноста наскоро да започнат заеднички живот.
-Не сакаме да носиме избрзани одлуки, ќе оставиме на времето, спонтано нека се случи се. Сепак, сигурен сум дека ова ќе потрае, призна Игор.
Парот цела година го помина во Дојран, уживајќи во заедничките мигови, а потоа и низ западна Македонија, во село Јанче, крај Радика и во Галичник.
Ако Џамбазов го препознаваме по микрофонот, камерите и сцената, тогаш за Илина тоа е природата, планините и искачувањето на истите.
Деновиве Илина реши со себе да го поведе и својот сакан Џамбазов со кого уживаат на една од нашите природни убавини, на Попова Шапка.
Игор со Илна замина на планинарење , и тоа на Попова Шапка и со видео се јави од врвот на планината, и порача:
-Дечки, се наоѓам на местото каде што попот своевреме но ја загубил шапката. И, еве, не можеме да ја најдеме, Поповата шапка“, вели Игор.
Потоа, пријателот до него му објаснува: Ова долу е Караниколичко езеро. Ова е Јелак“. А Игор на тоа одговара: А, јас сум Владо Јаневски.
Игор на Шапка сними и спот, кој го најави на Инстаграм. „Со екипата на ОХО, вчера го снимивме спотот за Love is so good. Едвај чекам да го видите„, раскажа Игор.
Откако е заљубен, тој пишува само љубовни песни, па таква ќе биде изгледа и оваа која е посветена на Илина.