Татајана Лазаревска и Новица Василевски се еден од најскладните парови на домашната музичка сцена, а познато е дека тие долги години живеат во Австралија со двата сина, Стефан и Петар.
Фолк-пејачите имаат изјавено дека од Македонија си заминале затоа што во Австралија заработката е поголема, а настапите секако им биле во дијаспората.
Татјана е убава и средена жена, а во една прилиак зборуваше како се негива и како успева секогаш да изгледа толку убаво.
– Откако живеам во Австралија, по препорака на козметичар употребувам јапонска органска козметика Сукиин, без парабени, без вештачки бои и мириси, без сулфати.
Да бидам искрена како и секогаш, во Македонија имав малку повеќе време за себе си и за одење на козметичар, тоа го парктикував барем еднаш во два-три недели, а овде посетувам козметичар на 5-6 недели.
Како и секоја жена, најмногу сакам да ги прикријам подочниците со соодветна пудра, а устата и бемката над усните се мојот заштитен знак хахаха, нив најмногу ги истакнувам.
За мојата линија најзаслужна е мајка природа, хахаха. Потоа, секојдневната домашна гимнастика (чистење и средување по куќа) и периодична посета на теретана, тоа е сега за сегa.“
Татјана и Новица откако поминаа карантините и кризата работат со полна пареа.
Во прилог на мирната ситуација со вирусот, оди и тоа што таму е сега лето и собирите и веселбите на луѓето се претежно на отворен простор.
Македонците прават свадби и веселби во Австралија, па работата на познатите фолк-пејачи им тргна. Татјана често објавува лајф видеа како настапува, а дел од нив се многу интересни.
Таа и Новица пееја македонски песни, оро се виеше, невестата и сватовите беа многу весели. Но, она што падна во очи се згодните девeруши, облечени сите во сини фустани со длабоки шлицеви.
Новица пееше меѓу убавите деверуши, а Татјана го снимаше, без да покаже трунка љубомора што толку убавици се вртат околу него.
Кога нејзиниот драг Новица, прослави јубилеен 50 роденден, и по тој повод Татјана му направи гала журка со сите салтанати.
Балони, торта, шампањско и сите нивни блиски пријатели околу, вака изгледаше оваа забава според сликите и видеата што ги објави Татјана.
Василевски и Лазаревска славеа уште нешто, а тоа е именденот на нивниот постар син Петар, кој е убаво и веќе големо момче, а на сликата која ја објави Татјана се гледа дека ја надминал мајка си во висина.
-Среќно и вечно име на нашата прва радост“, напиша Татајана до сликата на која таа и Новица се со синот Петар.