Откриено кое е девојчето на кое Новак и го даде рекетот – се вика Иванка, а проговори нејзината мајка

0

Новак Џоковиќ воодушеви седумгодишно девојче, а нејзината мајка откри – зошто таа воопшто била толку блиску до шампионот?




Новак Џоковиќ долго ќе се сеќава на вчерашниот ден. Тој го освои својот 20 грен слем трофеј и се изедначи со Роџер Федерер и Рафаел Надал на „вечната листа“ на шампиони.




Но, не само тој што ќе има убави спомени, ќе има и една девојка, онаа на која и го даде рекетот по мечот.

На нејзиното лице можеше да се забележи голем ентузијазам и брзо таа и нејзините родители се најдоа во центарот на вниманието.




Британскиот „Телеграф“ дошол кај нејзиното семејство и открил дека хероината на денот се викала Иванка Ли и дека имала седум години.

Таа беше на трибините со нејзиниот татко и тие држеа посебен транспарент кој го привлече вниманието на сите.




Нејзината мајка Крис ги откри деталите, бидејќи не беше со нив на Централниот трен, но следеше сè додека го шеташе кучето. Таму, нејзината ќерка и ја соопшти неверојатната вест дека Ноле и пришол и и го дал шампионскиот рекет.




“Иванка е воодушевена. Разговаравме по телефон и таа ме праша ‘Што се случи, дали е ова вистински рекет?’ За тоа време, го шетав кучето со мојот петгодишен син, бидејќи тој не можеше да влезе на трибините поради неговата возраст. Би сакала да бевме сите заедно “, вели нејзината мајка.




Интересно е и тоа што Иванка тренира тенис и што вчера таа загуби во финалето на еден јуниорски турнир.

“Таа тренира и работи навистина напорно. Има многу напредок во претходните три месеци. Ова беше прв пат да присуствува на финалето на Вимблдон и првпат да го гледа во живо Новак.




Се надевам дека овој рекет ќе и донесе среќа и дека еден ден ќе има успех на Вимблдон. Можеби како Ема Радукану, бидејќи заедно ги гледаме сите тениски натпревари. Таа го сака овој спорт “.




Двајцата го направија тој транспарент на кој пишуваше НОВАК, и секој збор имаше посебно значење на англиски јазик. N значеше број 1, О да биде неверојатен, В да биде победник, А да биде амбициозен и последниот К да се однесува на бакнежи.




“Таа ги смисли сите зборови, освен последниот. Таа сакаше последниот збор да биде крал или прекрасен, но јас сакав да биде нешто смешно. Ние навистина го обожаваме Новак. Тој работи напорно, тој е сè што сакате да бидде тенисер.




Толку е добар и скромен “, заклучи мајката на Иванка Ли.

Претходна статијаСашо Тасевски: Ова не е веќе игра на сиромашните, обични луѓе
Следна статијаКаракачанов ги победи и Бојко и Слави, во Македонија – еве го резултатот