Ребека Јанковска- Ристески е пејачка, хуманитерц, претседател на здружението „Дајте ми крилја“ за лица со рeтки болести, мајка на три дца: Маркијан и Доротеј и Макариј кои се близнаци.
Таа во повеќе наврати отворено зборуваше за болеста на својот син Маркијан, кој израсна во прелрасно момче благодарение на борбата и љубовта на неговите родители Ребека и Милан.
-Дека со Маркијан нешто не е во ред забележавме уште во седмиот месец од бременоста, но во прво време не бевме сигурни дека тој има туберна склероза. Видовме ту-мори на срцето, но не и промена на срцевата работа.
И покрај високите сомнежи, ние одлучивме Маркијан да продолжи да живее и да ги прифатиме сите предизвици и искушенија доколку навистина следат. На тримесечна возраст прв пат ги забележавме симптомите – епиле-птични напади.
Од тој момент почнаа сите детални испитувања и патувања, консултации низ многу болници (Белград, Љубљана, Загреб, Верона, Варшава, Парис, Њујорк). Денот ни започнуваше со прашањето дали и колку напади ќе има, дури имаше и периоди кога во еден ден забележувавме и по стотина.
Често се консултиравме со доктор ДалаБернардина од Верона во кој имавме најголема доверба. Мики ги следеше сите светски конгреси и патуваше често. Морав да пеам и покрај се и по непроспиени ноќи секој ден патував и бев дел од неколку турнеи.
Потоа, кога луѓето дознаа дека со Маркијан нешто се случува настапите проретчија. Никој повеќе не ме викаше да пеам.
Во исто време бев автор, водител и продуцент во „Аворд продукција“ за емисијата „Поинакви“. За да патувате и за да го испитувате своето дете надвор, ви требаат многу пари.
Во такви услови мора да работат двајцата родители, се чувствувате како да сте постојано на трака за трчање, а не ви дозволуваат да се симнете и згора на тоа, се чувствувате беспомошно. Времето е вашиот најголем непријател.
Го гледате детето пред вашите очи како се бори за живот и барате терапија која ќе му ги сопре нападите, зашто рефрактерната епилепсија го уништува мозокот и секој следен напад го доживувате како да ви зариваат но-ж во срцето. На два пати Маркијан за малку ќе го изгубевме.
Молитвите и вербата во Бога, разговорите со него, беа мојот спас. Слава на Бога за силата и здравјето што ни ги даде во тие тешки моменти.
Присуството на мајка ми и на свекрва ми беше од големо значење за да може сето тоа да се издржи и изменаџира.“, изјави Ребека во Женски магазин.
Таа е поборник за здрав живот и за прошетки во природа и а и гласно збрува против загаденуот воздух. Ребека ги однесе своите деца на прошетка низ кичевскиот регион и таму ја пробаа апитерапијата со мед, за подобрување на имунитетот.
Апитерапија е вдишување на воздух директно од кошниците полни со пчели, која се прави со специјални маски. Најефективен период за инхалациска апитерапија е од април до септември.
Еднонеделен третман со секојдневно вдишување во време од еден час, значително ќе ги намали проблемите со дишењето. На страницата на medno.mk е објаснета историјата и ефикасноста а оваа терапија.
-Поради сè позагадениот воздух кој го дишиме, зачестени се појавите на респираторни болести, алергии, астма, белодробни воспаленија и сл.
Ваквите појави, особено се изразени кај децата и повозрасната популација. Решението за елиминирање или намалување на овие респираторни потешкотии многумина го пронашле преку вдишување на воздух директно од кошниците полни со пчели.
Инхалаторната апитерапија била позната уште во времето на Египќаните. Познато е и тоа дека пчеларите додека на пчеларникот работат операции поврзани со отварање на кошниците, особено во пролетните и летните месеци, се чувствуваат многу пријатно и добро.
Терапијата се состои од вдишување на аеросоли, кои се мешавина од повеќе корисни и здрави елементи од пчелното живеалиште, како што се прополисот, нектарот, етеричните масла, флавоноидите, медот, восокот, матичниот млеч, поленот и други лековити материи.
Пчелите, преку вентилирање или едноставно движење на крилцата, испарувањата од овие материи ги мешаат и ги распрскуваат во ситни аеросоли во воздухот во внатрешноста на кошницата.
Вдишувањето на аеросолите и аромите од пчелната кошница, освен за подобрување на состојбата со дишните патишта, има значаен ефект и врз психофизичката состојба на луѓето.
Инхалаторната апитерапија делува смирувачки, релаксативно и ослободува од стресот акумулиран при секојдневието“, пишува Медно.мк.
-Благодарение на нашите прекрасни пријатели Ацо,Ели и Софија поминавме незаборавен ден низ дел од прекрасните места од Кичевскиот регион.
Ми недостига фотографија само од уникатната, скапоцен камен среде шума,црквичка Св.Никола во с.Србиново“, напиша Ребека на Фејсбук и објави слика со близанците на која напиша: Апитерапија за подобрување на имунитет.