Видовитиот старец од Света Гора предупредува: Никако не го правете ова, бидејќи ќе го прoколнете своето дете

0

Мудриот и видовит старец Пајсиј еднаш раскажа вистинита приказна за клетвата на една мајка врз сопствениот син.




„Еден човек дојде кај мене плачејќи во мојата ќелија: „Отец, мајка ми ме проколна. Моето семејство го снајде голема мизерија, болести, не ми оди добро, сè се распаѓа околу мене“.




Му реков: „Мајка ти не би те проколнала без причина, нешто мора да не е во ред“. А тој се замисли. „Да, навистина има причина“. Повторно му реков: „Оди и побарај прошка од мајка ти“.

Тој рече: „Добро Отец, ќе одам, но дај ми благослов тоа да го направам“. „Го имаш мојот благослов, но треба да го добиеш и мајчиниот благослов“.




Тој се двоумеше. „Тешко дека таа ќе ми даде благослов, Отец“. Повторно му реков: „Само ти оди, а ако не ти дава благослов, само кажи и вака: “Еден старец ми рече да размислиш, затоа што еден ден и ти ќе му ја предадеш душата на Бога.“




Тој заминал со голема надеж, но мали очекувања дека нешто ќе се промени, но неговата мајка сепак на крајот го благословила, и му рекла:

„Дете мое, нека биде благословот на Авраам врз тебе!“ Помина многу кратко време, а тој човек повторно дојде на Света Гора, носеше многу подароци, скокаше од радост. Постојано повторуваше: Слава ти, Боже! Плачеше со солзи радосници.




Од моментот кога бил кај својата мајка, целиот негов живот се променил, тој благослов толку многу делувал што сите проблеми исчезнале.

Децата му оздравеа. Доби мир. Сè што претходно пропаѓаше, сега одеше напред.




Во друга прилика тој предупредува на уште нешто. Ако родител го проколне своето дете, тогаш се случуваат следниве работи:

Дете чии родители велат „оди кај ѓаволот“ веднаш паѓа под неговите раце, затоа што тогаш ѓаволот има отворен пат кон него, дозволено е да прави што сака со тоа дете.




Постои една ситуација кога татко постојано викаше и му зборуваше такви зборови на неговиот син кој плачеше во лулката.

Лошите сили дојдоа по него и го однесоа, но со помош на Хефендија, мајката успеа да го врати своето дете.




Наместо да им кажувате толку лоши работи на вашите деца, подобро би било да ги благословувате и да го молите Бога секогаш да ги следи и чува.




Претходна статијаУтре е голем празник – погрешно е верувањето дека не се работи на овој ден, но не треба да се почнува со тешки земјоделски работи
Следна статијаТурунџиева ги покажа тиквите на Атиџе: Вакво нешто не сум видела (ФОТО)