Познатата новинарка ја отвори душата: Една фриленсерка која нема платен одмор, па требаше да работи и додека е „на одмор“

0

Новинар, комуниколог и активист, Ана Јовковска за првпат ја запознавме преку детската образовна емисија „Пуслирања“. Оттогаш до денес, веќе над две децении, таа е препознатлив и успешен дел од медиумите, напипа во една прилика www.reborn.mk.




Ана која е автор на повеќе книги во интревјуто за овој портал зборуваше за повеќе нешта, а една од нив е слобадата.

– Се чувствувам слободна оти сама така сум одлучила. Слободата треба да си ја земеш во свои раце, особено во општество каде медиокритети и автократи се обидуваат да ти ја ограничат.




Каде просечноста и послушноста се мерки за успех. Косата ми се крева од граници – политички, умствени, духовни… секакви. Ова наше опкружување е царство за стереотипи и предрасуди, а тие се уште една замка за неслободен свет.

Објективот пред кој сум најчесто е сопствениот. Сите други објективи се нереални. Не сум драстично различна од она како луѓето ме гледаат и читаат во медиумите. Од она како ме доживуваат, можеби. Поранлива сум и поплашлива. И по-плачка.




Самодовербата со која зрачам на јавните настапи, пред камерите и фото-апаратите ми доаѓа од тоа што знам дека немам две личности и дека го живеам она што го зборувам/пропагирам. Автентичноста е најважно огледало.




Ми се чини дека мајчинството и брачниот живот уште повеќе ги зацврстија моите феминистички убедувања. Сега имам прилика да откривам и да живеам уште една голема димензија на жената. Мајчинството е привилегија и товар. Сладок товар, се разбира. И ако бидам искрена, тогаш на вашето прашање ќе одговорам со еден збор – многу.




Сепак, моите позиции за родова еднаквост ме тераат секој ден да се борам, и во својот дом и во своето сокаче, за почит, за права и за правда.

Едно од правата кои си ги дадов самата на себе последнава година беше неколку часовната изолација во денот за да можам да ја напишам мојата нова книга.




Ова е навистина тешко со мало дете. И самиот наслов „Ехо на слободата“ кажува дека слободата ми е света! Слободата е љубов. Мајчинството пак е безусловна љубов“, изјави Ана за себеси.

Таа сега работи како фриленсер и напиша статус на Фејсбук во кој објаснува како живее во овој период.




Деновиве ги минав во интроспективна спелеологија истражувајќи ги пештерите на својата душа. Длабоко истражувачка работа врз мојот идентитет. Се обидов да го сменам погледот на моето секојдневие, на рутинизираниот живот, со тоа што го променив филтерот на перцепцијата на нештата, наместо филтерот на телефонот.




И покрај тоа што покрај море прогласив развод со технологијата, штом ја видов оваа убавина веднаш се пуштив по телефонот како по појас за спасување .

И покрај технолошкиот развод, на љубовен план сум со договор на неопределено време. Тоа ми овозможува да пуштам сидро во брачните води и да размислувам кој бран по ѓаволите ја однесе возбудата…




Очекувајте го мојот нов текст инспириран од книгата „Твојот живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден“ (Три) утре или можеби задутре (ако не стигнам да го завршам до утре) бидејќи деновиве функционирам повеќе интуитивно отколку методично.




Онака како што доликува на една фриленсерка која нема платен одмор, па требаше да работи и додека е „на одмор“. Ама не се жалам, белки ќе излезе нешто добро напишано покрај оваа морска убавина…

Претходна статијаМожно е да им се бара негативен тест на оние кои се враќаат од Грција, но засега нема таква одлука
Следна статијаВелевска им се врати на „тезгите“, не може глава да крене од пеење, добар КЕШ на мегдан (ФОТО)