Велевска им се врати на „тезгите“, не може глава да крене од пеење, добар КЕШ на мегдан (ФОТО)

0

Елена Велевска е една од нашите најатрактивни фолк-пејачки, пред пандемијата редовно ангажирана во ддијаспората и кај нас. Таа е мајка на три деца, живее во Охрид, а во јавноста се крена голем прав по нејзиниот развод со Маријан.




Животот продолжува понатаму и единствено сакам сето ова да се реши на мирен начин, рече Елена Велевска во интервју за магазинот „Естрада плус“ по разводот со Маријан.




Инаку, ова беше нејзино прво гостување откако ги потврди гласините дека се разведува и упати сериозни обвин-увања до нејзиниот сопруг Марјан Мирчески.

Познатата пејачка објасни дека е подготвена да се носи со сите падови и успеси и дека сигурно ѝ претстои многу подобар период и живот од оној што го имала.




– Да бев само јас во прашање знаев ова како да го направам многу безболно, но во прашање се трите мои деца кои што не сакам да читаат разни глупости, да подлегнуваат под стапиците што ги создава нивниот татко – вели Велевска.

Во Слободен шечат, таа зборуваше за своите почетоци во кариерата.




-Многу е тешко да наметнеш нешто ново, поинакво. Јас пред 15 години направив работи кои дотогаш никој не ги направил. Понудив нешто поинакво, од музика до видеоспот, песните кои ги промовирав во тоа време се слушаат до ден денес.




Сама си го наметнав тоа и така функционирам до ден денес, сакам да сум поинаква и јас сум сама на себеси конкуренција најголема, сакам од претходниот проект да сум подобра и ми успева, публиката го прифаќа тоа, а за мене тоа е најважно.

Ако работите со љубов, посветени сте, вложувате труд, успехот е загарантиран. Јас исто функционирам кога е мојата кариера во прашање од некогаш до ден денес.




– Сама сум ја одбрала оваа професија свесно и со самото тоа сум ги „прифатила“ сите ризици кои ги носи. Славата годи, секој кој вели дека не е така, не ја говори вистината.

Јас не сум ништо поразлично од некоја госпоѓа која работи во некој локален маркет, ги имаме истите проблеми, работиме со луѓе. И мене ми се случува да сум ненаспана, нервозна, нерасположена, но никогаш не ми пречела популарноста. Ако имав каков било проблем со тоа ќе работев во некоја канцеларија од 9 до 16 часот, но јас не сум тоа“, рече таа а потоа зборуваше за тоа колку заработува.




-Никогаш не сакам јавно да зборувам за тоа колку имам, што имам, примитивно ми е. Живееме во земја во која просечна плата е 200 евра и повеќе од безобразно е јас или кој било да се расфрла со сума на пари и да биде трн во око.

Јас сето ова што го имам, го имам заработено, мојата кариера трае повеќе од 20 години. Не сум опседната со тоа што го носам дека мора да е бренд. Носам парчиња гардероба од брендови кои се достапни за сите.




Еден од најголемите животени успееси е од она кое што сакате да го работите да знаете пари да направите и да можете да живеете нормално, пристојно. Се исплати доколу вложуваш, јас во мојата кариера многу вложувам и тоа ми се враќа, мојата публика го препознава тоа“, рече Елена.




Откако помина пандемијата и мерките се олабавија, таа е полна со настапи кои сигурно дека ќе ѝ се исплатат. Велевска на Фејсбук објави видео на кое ечи „По друм одам“, во еден скопски ресторан а гостите личат ептен задоволни.




А, како и да не бидат, кога ем слушаат глас, ем гледаат стас. Освен тоа, таа ја објави агендата во која се пофали дека е букирана речиси цел месец, насекаде низ Македонија.

Претходна статијаПознатата новинарка ја отвори душата: Една фриленсерка која нема платен одмор, па требаше да работи и додека е „на одмор“
Следна статијаПривезок, мини јас – нашата позната пејачка на плажа, го покажа синчето (ФОТО)