Тијана конечно откри со кој најубав маж е на летување (ФОТО)

0

Нашата позната пејачка, водителка и актерка, Тијана Дапчевич, која моментално живее во Белград, деновиве на социјалните мрежи пишува од грчките плажи.




Минатата година, кога беше на одмор на истото место, во Сивири на Халкидини, таа напиша статус кој го посвети на себеси, а тоа е писмо до малата Тијана.

Од временска дистанца, таа се става во улога на мало девојче кое размислува што треба да направи:




„Драга мала Тијана. Заврши го образованието.

Глупав почеток, знам. Ова порака можеше да започне на 1000 занимливи начини, а јас почнав со образованието. Извини. Но, образованието навистина е важно. Не за опстанок, колку за главата. Полесно ќе ти е кога си образована во друштвото.




Уживај. Не грижи се, ќе имаш уште многу уживања. Имаш 10 години. Те сака небото.

Веруј им на родителите бидејќи ти посакуваат само најдобро. Послушај ги кога мислиш дека треба, но секогаш ги слушај. Подоцна ќе сфатиш дека биле во право во ситуациите кога си била убедена дека си попаметна.




Изми ги рацете, пред и после јадење. И гледај секогаш да ти е чисто: главата, собата и дворот. Кога сме кај дворот – гледај го само својот. Не јади се’ што лета, не верувај секому. Чувај ги пријателите.

За вечера не се само виршлите, земи и нешто друго. Намали со мајонезот. Музиката секогаш ќе ти биде лек, виолончелото – пријател, а сцената – дом. И малку биди амбициозна, ако знаеш за Бог.




И понатаму барај ја Тамара, немој да престанеш да ја бараш од Брана и Велко затоа се уште не ти се случило нешто поубаво во животот. Другиот дел од тебе е кај неа.

За некои 10 години ќе го запознаеш Милан. На него најмногу му верувај. Немој да имаш тајни пред него, а нема ни да сакаш такво нешто, ќе видиш, ќе ви биде глупо нешто да не споделите.




Ќе се иселиш од Скопје и тоа ќе биде оној момент кога нема да ти е важно во кој град, туку кој е со тебе, па на вас ви е доволен Универзумот. Отогаш сите мисли ќе ти започнуваат во множина.




Ќе дознаете дека ќе добиете дете. А потоа дека нема да добиете. И тоа баш така, во една глупа реченица како ништо да не се случило. Можеби бил само сон….којзнае, можеби и бил сон.




Подоцна, повторно ќе ја слушнете оваа вест, но сега ќе биде вистина. Никој не се шегува, никој не сонува…Се гледаш ли сега себеси? Е таков ќе биде. Ќе го собере најдоброто од мама и тато, да биде човек. Кој би рекол а?

Кога ќе дојде до тој дел, ќе видиш дека целиот живот пред него бил генерална проба.’




Познато е дека Тијана му е сопруга на Милан Дапевиќ и го имаат син от Вук. Таа ретко објавува слики од својот Милан, повеќе од неа и од син ѝ, а во една прилика таа напиша дека Милан ѝ е долги години ветер во грб и дека не сака многу да се слика.




Сепак, Тијана успеа да го убеди својот сакан за уште една фотка, па објави слика од него како ужива на плажа и напиша:Најубав!

Претходна статијаТања Савиќ ја нарекла Сека Алексиќ мајмун, сопругот Душан објави
Следна статијаИм тргна во животот на Наум Петрески и на Зуица, аирлија нека е (ФОТО)