Илина Арсова: Со години тапкаме во место и немаме никаков напредок

0

Нашата позната планинарка Илина Аросова, која е и ликовен уметник, е едниствената жена во Македонија која се има искачено на Монт Еверест. Арсова и нејзиниот сакан, Игор Џамбазов се збиижија во Дојран, а иналку таа има свој хостел во Охрид.

„Езеро зад решетки“ или „Мр -тва Природа“, како и да ја крстиме оваа фотографија реалноста е жална. Едно се руши, друго се гради, трето се легализира. Како и до сега, законот и одлуките се применуваат врз едни, а не и врз сите.

И зато не не биват и нема да не биват. А езерцето златно со сласт ќе го сведочи нашето самоун иштување, давење во сопствениот отпад, гушење во сопствениот бетон….“, напишаа таа до една слика која ја сподели од Лагадин каде што е хостелот.

Илина Арсова е познат борец за женските права на сите полиња, особено во нејзината бранша, спортот.

Љубителките на алпинизмот и општо природата имаат единствена можност да се приклучат на нејзината женска качувачка школа, каде тие би можеле да уживаат во качувањето карпи.

Илина ги поканува сите почетници кои имаат желба да се придружат на качувачкиот клуб“, објави порталот zenanazena за новиот подвиг на Илина. За својата нова школа за сите жени, таа на Фејсбук напиша:

-Женска качувачка школа 9-11 Јули, 2021 Родовите нееднаквости во достигнувањата во одредени спортови, првично потекнуваат од физичките разлики меѓу мажите и жените.

Понатаму, по претпоставка дека жените делуваат по рационално, повеќе се изложени на емоции од страв, кој е “рачна кочница” во процесот на напредување. Ова е особено изразено во качувачките или други адреналински спортови, каде стравот е донекаде основан и ризик навистина постои.

Така, се случува со години да тапкаме во место и да немаме речиси никаков напредок, или пак истиот се одвива многу бавно.

Знаејќи ги овие работи, од сопствено и искуство на други луѓе, сметам дека односот на жена кон жена може да има особено позитивен ефект врз мотивацијата и пребродување на овие пречки.

Не дека не примаме машки во друштво, но едноставно ова е добра вежба за девојките да бидат по самостојни, свесни за своето ниво и целта која сакаат да ја постигнат.

Нашата заедница е мала, а имаме одлични услови, како за планинарење, велосипед, параглајдерство, слободно скијање, така и за секој вид качување карпи. (Спортско, алпинизам, традиционално…). Битно е да се почитуваат правилата за безбедност кон себе, партнерот, опремата и околината, за овој спорт да биде подостапен кон нови интересенти.

Особено сакам да ги поттикнам девојките и со нив да ги споделам моите лични искуства, придобивките од спортот во комбинација со прекрасните предели ширум светот кои сум ги открила благодарение на качувањето.

За улогата на спортот во развојот на работните навики, дисциплина, како и за стравот, мотивацијата и зачувување на менталното здравје во пост пандемиски период, ќе разговараме на семинарот во Охрид следниот викенд.

На овој курс девојките ќе се стекнат со основни теоретски и практични знаења за спортско качување на природна и вештачка карпа: Јазли, Наврзување, Топ роуп качување, Осигурување, Качување во водство (за оние со соодветно ниво), Падови, Техника во спортско качување.

Имаме уште неколку слободни места, пријавување по порака на 070377826
Интересот на девојките е голем, ќе требаат повеќе инструктор/ки, затоа тренирајте.

Претходна статијаАцо Пејовиќ откри дека менува професија но зборуваше и за бакшиш кој го извадил од памет
Следна статијаАлександра од „Брза кујна“ откри како го „ќарила“ сопругот и зошто деновиве слави (ФОТО)