Александра од „Брза кујна“ откри како го „ќарила“ сопругот и зошто деновиве слави (ФОТО)

0

Водителката Александра Илиевска која е познат радио глас и ТВ лице брзо ги освои гледачите на ТВ екранитре како домаќинка на Тв шоуото „Брза кујна“ каде што со шефовите Никола и Марк подготвуваше специјалитети.

Таа сега ужива во својот најубав животен период. На 23 јануари, Александра ја роди ќерката Сара и вели дека нејзината ќерка ја научила на она што е нејзината мајка за неа.

Александра во интервју за Женски магзин зборуваше за секојдевието со Сара, откри дел од љубовната приказна со сопругот Александар, а неизбежен дел од разговорот беше и „Брза кујна“ која сега ја води колешката Сања Савевска.

-По доаѓањето од болница секојдневието главно се сведува на хранење, пресоблекување, перење и пеглање. Сепак, се трудиме смирено и нежно да ги реализираме сите слатки обврски во текот на денот колку и да сме уморни. Полека ги учиме да ги разликуваме видовите на плачење.

Секој ден и овозможиме изобилство на пријатни звуци, тоа што моментално не разбира никако не значи дека не ја препознава нежноста и убавата музика.

Бидејќи најдобро гледа на оддалеченост на која е нашето лице кога е во прегратка, па така ова и е најчеста позиција кај мама или тато, а во текот на првиот месец ни ја подари и првата насмевка!

Не постои поголема жртва на светот од онаа што нашата мајка ја прави за нас. Всушност, таа е најдобрата жена во нашиот живот. Таа е наш водич, учител и е одговорна за она што сме ние денес.

Било да сме тажни или среќни, таа е секогаш покрај нас, дарувајќи ни безусловна љубов. Мајчинството ме потсети и научи на тоа што е мојата мајка за мене, да во иднина јас бидам најдобрата за мојата Сара. Во животот не постои посуштинска и повечна улога од мајчинството.

Со Александар немаме генерална поделеност на домашните обврски. Секогаш се трудиме да си го олесниме секојдневието и животот со тоа што обврските ги завршуваме заедно. Вистински среќни партери се исполнети партнери, парнери кои се реализирани и кои ги знаат потребите и она што навистина поттикнува среќа“, рече таа и откри детали со сопругот кој ѝ е имењак.

Со Александар се запознавме преку моја другарка од средно, и живoтот не би можела да си го замилам како би ми се одвивал да не го запознаев бидејќи ми е најголемата поддршка во секој сегмент од животот.

За да ги опишам неговите најубави особини и најважни квалитети ќе ми требаат многу зборови и ова интервју ќе е најдолгото, па затоа ќе кажам наједноставно дека тој е с è она што јас посакував.“

Александра сега ужива во семејниот живот, а на социјалните мрежи сподели убава слика со својот сакан сопруг со подебен повод и под неа напиша:

Денес славиме 5 години брак. Нашата свадбена прослава низ слики ќе ја зачуваме низ годините. Персонализирана кутија. Сликите вредат илјада зборови но спомените се бесценети. Зачувајте ги вашите спомени. Љубов“, рече водителката.

Таа освен што прослави 10 години брак, на 6 јули го слави својот роденден. Ова се денови исполнети со многу среќа и љубов за убавата Александра.

Претходна статијаИлина Арсова: Со години тапкаме во место и немаме никаков напредок
Следна статијаНајубавата полицајка на Балканот се вика Лидија и има преку 170 илјади фанови (ФОТО)