Сашко Коцев и Никола Ристаноски заедно на забава (ФОТО)

0

Сако Коцев е едне од нашите најпопуларни актери, омилен кај сите гфенерации. Тој во екранизацијата на „Зоки Поки“ го играше таткото на Зоки, и за таа улога во Вечер прес изјави:

„Ете и ова култно, антологиско дело од нашето детство ја дочека својата екранизација. Бев многу возбуден кога продуцентот ми ги донесе сценаријата како подарок за мојот роденден и рече дека веќе е време да го одиграм првиот татко.

Иако е напишана пред многу години, згодите и незгодите на едно дете се универзални и безвременски. Не знам колку ова дело ќе ѝ се допадне на публиката, но знам дека од целиот тим е работено со голема радост и ентузијазам.

Се работеше во една атмосфера каде што заборавивме кој е дете, а кој е возрасен. Секогаш кога на уметничкиот дел од екипата му е забавно, посебно кога актерите се забавувале во својата работа, публиката тоа го препознала како вистински живот на сцената или пред камерите и го поздравила со аплауз. Верувам дека тоа ќе се случи и со ова дело“.

Сашко во Женски магазин зборуваше за тоа како ја доживеал пандемијата.

+Секој различно ја доживуваа оваа изолација. Некој е во страв од неизвесноста, некој се плаши за својата егзистенција, некој едвај чекал да се одмори, а некој воопшто не го засега туку само едноставно ги почитува препораките.

Јас можам да кажам дека сум од сите наведени по малку. Секако дека ова нѐ врати назад поблиску до семејството, ги рестартиравме чувствата и емпатијата, не само кон најблиските, туку буквално за целиот свет.“

Коцев е добар пријател со својот колега Никола Ристаноски.

-Јас имам пракса сите улоги да ги сведувам на себеси. Никогаш не тврдам дека го играм Молиер, туку ситуациите, темпераментите и погледите на светот на Молиер. Се друго е мое. Мои се мускулите, мој е мозокот, мое е срцето, мои се нервите.

Во принцип секоја улога гледам да биде моја. Во таа смисла, секоја посебна улога е тоа што сум јас навистина.“, има изјавено Ристаноски кој а неградуван во многу земји.

-Секогаш кога некаде одам ми недостасува дома, се што значи дома: погледот од прозорот, воздухот, улиците, луѓето, убавите навики, фамилијата, комоцијата, сето она што го немам кога работам надвор под други околности, стеги и притисоци.“, изјави тој.

Сашко и Никола сега се во Охрид, а на Фејсбук се појави една нивна необична слика. На сликата се и двајцата облечени во слични кошули, шарени, летни, и двајцата имаат коктел во рацете.

-Кошуља парти, пишува во описот на сликата на кои двајцата актери со во друштво на пријател.

Претходна статијаФилипче во Охрид објасни што е патриотизам: Нашиот јазик и историјата не се на продажба
Следна статијаАцо Пејовиќ откри дека менува професија но зборуваше и за бакшиш кој го извадил од памет