Ненад Јовановиќ: Наум Петрески зел добри пари од Влада, а сега плука по истата?

0

Од минатиот месец веќе почнаа да се организираат концерти во Македонија, откако повеќе од една година не бевме сведоци на такво нешто.

Голем дел од датумите се резервирани, а општиот впечаток е дека поголема предност се дава на музичките изведувачи од соседството отколку на домашните.

Популарната Цеца ќе има свој настап во август во Пробиштип, а се најавуваат и уште неколку српски ѕвезди кои летово ќе гостуваат во државава.

Македонскиот пејач Наум Петрески, во изјава за „Фокус“ вели дека е разочаран од ваквиот развој на настаните во Македонија..

„Немам коментар. Долу Влада. Најголемите концерти им ги дадоа на владините музичари и тоа е тоа. Нема мерило во оваа земја за квалитет, туку за партиска припадност. Затоа ја губиме и изгубивме земјава“, кратко изјави Петрески за Фокус.

Политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ, денес на социјалните мрежи објави документ колку пари зел Наум од оваа иста Влада, која според него сега ја плука:

„Ако човек сака да биде признат, релевантен, угледен во општеството; ако човек сака граѓаните да ја слушаат неговата музика, во крајна мера ако авторот сака граѓаните да ја конзумираат неговата уметност, тој/таа, изведувач/ка или перформер/ка не смее да лаже. Оти, нели, уметноста е пред се’ работа на вистина, а не на лага.

Еден од таквите лажни уметници, а со тоа и лажни личности е, пресветлиот народњак, Наум Петрески, лично. Прво, господинот музикант,

Наум Петрески (сакам да бидам уметник!) добил пари од Владата преку „Јавниот повик за финансиска поддршка на индустријата за организација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија“.

Парите кои Наум Петрески (сакам да бидам уметник!) ги добил од Владата на РСМ изнесуваат: 1. 107.000 денари.

Од друга страна, во „Фокус“, тој истиот Наум Петрески (сакам да бидам уметник) изјавува: „Немам коментар. Долу Влада“, па уште вели Наум, „најголемите концерти им ги дадоа на владините музичари и тоа било тоа“, ни беседи Наум (што сака да биде уметник).

За на крајот, уште да ја политизира самата изјава, па вели: „Затоа ја губиме и ја изгубивме земјата“. Ем добива помош, ем ја п(л)ука Владата.

Може ли уште подолу, Науме, таго неопеана! Може ли уште по бедно, Науме?! Нема потреба Наум да ја жали Деспина, Наум Петрески е самиот за жалење. Ако има грижа на совест што оваа Влада не му е по мера, па уште и таквата Владата му помогнала во корона криза, нека ги врати парите. Нели е тоа фер за нашиот народњак што сака да биде уметник?

Плукај, Науме. Пеј и плукај! П.С. Еве ги паричињата (за проектот во кој Наум ќе пее) добиени од Владата.

Претходна статијаКарлеуша не е задоволна со еден дел од своето тело, наскоро ќе го смени и него
Следна статијаВодителката Елена на Карибите, не се знае дали е поубава таа или плажата (ФОТО)