Нема кој не ја памети Марија Петровска, една од водителките и новинарки на „Бекстејџ“, Марија беше една од најзгодните (и уште е), и најспособни наши водителки.
Немаше настан да не помине без Марија, шарматната тетовчанка. Таа беше дел од сите промоции, концерти а одеше и на спортски натпревари и на светски познати настани, а еден од нив е и филмскиот фестивал во Кан.
Марија беше водителка и на радискиот фестивал во Скопје, каде што се избираа на најпопуларнитре радио хитови.
Во изминативе пет ипол години, Марија Петровска живе во Цеље, поради љубовната врска со нејзиното момче Михаел Сказа. Михаел е од Марибор, но живее во Цеље и работи во фирма за протетика и за стоматолошки материјали.
-По неколкугодишна врска на далечина, дојдовме до точка, кога моравме да се одлучиме што понатаму. Затоа што и јас со естрадниот магазин Бекстејџ, од кој бев дел со години, и тој со Интердент постојано бевме на пат и со тек на време стана многу тешко да се одржува тоа темпо.
Во 2015-тата, решивме дека е време еден од нас да се пресели и некако и двајцата се согласивме дека тоа би требало да бидам јас“, раскажа Марија во интервју за „Црно бело“.
Темпото на живот тука е доста помирно, полежерно од Скопје, но не би рекла дека е здодевно. На лето општината секоја вечер организира бесплатни концерти, претстави и настани, а во декември Цеље се претвора во права зимска бајка.
Последната сабота од ноември е резервирана за мојот омилен ритуал. Тогаш целиот град се збира на главниот плоштад, каде градоначалникот традиционално ги пали сијаличките, по што градот добива празнично руво и со тоа официјално се отвора Божиќниот маркет, кој важи за најубав во Словенија.
Сега, во Словенија работи како асистентка на директорката на Заводот за култура во Марибор – Standupsi.com. Се занимава со организација на стенд ап настапи во Словенија и пошироко.
Таа збпруваше што ѝ се допаѓа кај словенците во истото интервју: Најдобра карактеристика би рекла дека е еко совеста и тоа што сите од најмлади до најстари се физички активни. Најлоша … хм … не знам дали има нешто што не ми се допаѓа … Можеби недостатокот на спонтаност во секојдневнието.
Тука го нема оној момент, кога случајно ќе сретнете некого и ќе седнете на кафе, кое потоа ќе прерасне во ручек или целодневна седенка, додека келнерот не ве замоли да си одите бидејќи мора да затвори.
Просечната плата во Словенија е околу 1.100 евра. Цените и стандардот на живот во голема мера зависат од тоа во кој град живеете.
Стан во центарот на Љубљана на пример чини околу 3.000 евра за квадратен метар, во Марибор 1.500 евра, во Цеље пак 1.100 евра.
Литар млеко чини едно евро, векна леб е од 1.60, па до 4 евра, салата марула е 2.40 евра за килограм …
Во Цеље кафе во кафуле е околу 2 евра, пиво 2.50 евра, ручек (1 порција без пијачки и мезиња) во просечен ресторан чини околу 10 евра“, изјави Марија во Црно бело.
Таа објави слика со својот сакан Миахел, и на неа се гледа колку животото во Словенија ѝ годи и колку се има разубавено.