Денес си замина уште еден познат Скопски лик – нека ти е светол патот Куно

0

Генерациите кои се родени во седумдесеттите години, паметат и раскажуваат за забавите, популарните скопски журки кои се одржуваа во тоа време.

Забавата почнуваше некаде околу 22 часот, прво во и особено пред кафичот Бони (кај грчка амбасада), каде беше собран цел град, а потоа продолжуваа во градскиот парк, во тогаш популарните дискотеки Текила, Кабрио, Хавана.

Забавите траеја до раните утрински часови. Тоа беше едно безгрижно време, во кое стандардот на младите беше сличен и речиси никој не отскокнуваше со пари, гардероба, автомобил.

Летно време, забавата се селеше во Охрид и популарното Градиште, каде се селеа скопските менаџери и ги организираа летните журки.

Едни од најпознатиоте газди и менаџери на клубовите од тоа време се Пиже, Зеко, Циме, Цајо, Љо, Глауч, Сури, Мио Академија, газдите на МНТ, на Хард Рок…

Пред три години, овој свет го напушти Горан Атанасов-Зеко, скопската урбана легенда, еден од најпознатите угостители, менаџери, основоположници на современиот, урбан ноќен живот во македонската метропола и еден од основачите на култните „Хавана бенд“.

Тогаш социјалните мрежи беа преполни со пораки на збогување со скопскиот боем од сите кои го знаеа, особено од оние блиските, кои го познаваа во душа.

Меѓу нив секако, познати фаци, јавни личности, урбани скопски легенди како што беше и тој… Пиже, Џамбазов, Митевски, Цајо, Џовани… се само дел од неговите блиски пријатели и другари кои со посебни посвети го испраќаа Зеко.

„Газда Зеко…не е фер.Од кога фајронтот волку рано? Пијачките недопиени, приказните недораскажани, жените недоозборувани…

Брате Зеко…не е фер. Не беше ваков договорот. Нели требаше да снимаме нова песна? Нели ти ќе ја пееше, оти Пиже и јас сме биле дунстери? “Пријатељу“ Зеко…не остави и без зборови и без солзи…

И да знаеш, ти беше еден од ретките кој имаше и во главата, и во душата, и во срцето, а и меѓу нозете. Ние само се трудевме да те имитираме.

Биди добар таму горе и чувај место на твојата маса. Наскоро се гледаме. Вечно твои браќа, Пиже и Игор…“ – напиша Игор Џамбазов во својот проштален статус на социјалните мрежи.

Денес, популарниот менаџер од тоа време, Милорад Цаиќ – Цајо, на својот профил на социјалните мрежи објави дека не напуштил уште еден познат лик од тоа време, еден од најпопуларните ликови кај девојките, Милорад Куновски Куно од Карпош 3.

„Деновиве те зборувавме со твојот најдобар другар од детството, Мишко Јелушиќ, за твојот кафич во чаршија и журките, само се прашувам, зошто бе другарче мораше вака да биде? Знаеш дека ќе ни фалиш многу, не скрши..

Градот изгуби уште еден градски лик.. Почивај во мир Милорад Куновски Куно легендо.“

П.П.

Претходна статијаТргнав на настап со мокра коса, по папучи – нашата позната новинарка раскажа необична приказна
Следна статијаД-р Нико Беќаровски им порача на Мекедонците во дијаспората што треба да направат пред да дојдат во татковината