Сопругата на Пендаровски ги фрли во сенка сите во Загреб (ФОТО)

0

Македонскиот Претседател Стево Пендаровски деновиве е во Хрватска заедно со сопругата Елизабета Ѓоргиевска. Таму се сретнаа со Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, во придружба со сопругата Сања Мусиќ Милановиќ.

Милановиќ и Сања ја пречекаа претседателската двојка од Македонија во Пантовчак. Елизабета, откако е сопруга на Претседателот е на мета на јавноста, особено за тоа како се облекува.

Елизабета Ѓоргиевска работи на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и е професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје, но е позната и по својата хуманитарна работа.

-Она што најмногу ме погодува се многубројните пораки на луѓето кои имаат проблеми, засегнати се од бол-ести, невработени или погодени од сиромаштијата.

Знаев дека ги има многу, но сега имам поинтензивна комуникација токму со ранливите групи. Луѓето ми се обраќаат за помош и за да ме запознаат со комплексноста на нивните проблеми.

Од позиција на сопруга на претседателот на државата, честопати сум немоќна формално да помогнам, но секогаш можам да ги ислушам. Со добар збор и човечки пристап да помогнам во застапување на послабите и да се обидам да се ангажирам со сите сили за наоѓање решение. Тоа многу им значи на луѓето.“, изјави таа во едно интерву за Женски магазин.

-Растев во скромно семејство. На моите родители секогаш им беше најважна нашата среќа и даваа сѐ од себе да ни обезбедат безгрижно детство. Беа доста строги, но тоа ме научи на самодисциплина, трудољубивост, работа и грижа за другиот“, рече таа во истото интервју.

Потоа, искоментира како го запознала својот сопруг, Стево Пендаровски, а искоментира и за нејзиниот стил на облекување.

– Со Стево се запознавме преку заеднички пријатели. Тој имаше особини кои ги ценам кај луѓето: чесен, сочувствителен, непосреден, духовит и интелигентен. Или, едноставно кажано, добар човек на кој можев да се потпрам и во најтешки моменти.

Сметам дека облеката одамна не служи само за да го покрие нашето тело, туку преку неа треба да се потрудиме да испратиме и некаква порака“.

Таа на средбата со Претседателот на Хрватска облече интересен фустан во сина боја кој одлично и стои. Сликите кои ги објави на Инстаграм се со првата дама на Хрватска Сања, а таа е облечена во виолетово сина комбинација.

Претходна статијаЕве зошто сите гледаат во Милица Тодоровиќ (ФОТО)
Следна статијаШабан ќе беше горд, не ја дочека најголема радост на својот внук, Лука стана татко (ФОТО)