Ќе се изненадите колку моќи и намени има најобичната, евтина БЕБЕШКА ПУДРА

0

Овој евтин производ сигурно сите го имаат во бањата, освен првичната намена, може да биде вистински „мултипрактик“ во куќата и тоа на различни полиња, пишува НМД.мк

Ги лади чаршафите: во жешките летни ноќи, посипете бебешки прав врз чаршавите. Тие ќе бидат миризливи, а пудрата ќе ја апсорбира потта од вашето тело што ќе ви овозможи да спиете подобро.

Апсорбира маснотии: следниот пат кога нешто масно ќе ви капе на кошулата или килимот, посипете го тој дел со бебешка пудра. Го апсорбира маслото и ја освежува ткаенината.

Освежува книги: дајте им нов изглед на старите книги со детска пудра. Овој магичен прав има способност да ја апсорбира влагата и на тој начин спречува формирање на мувла.

За погуст изглед на трепките: нанесете бебешка пудра на трепките пред да ставите маскара. Откако ќе се засуши првиот слој, нанесете и втор, а ако е потребно и трет слој маскара. Врз пудрата таа подобро ќе се задржи. Ќе добиете пополн и погуст изглед на трепките.

Спречува иритација на кожата: нанесете бебешка пудра во внатрешноста на бу-товите за да избегнете иритација на кожата со три-ење на нога од нога.

Ги отстранува непријатните мириси од чевлите: посипете ја внатрешноста на чевлите на бебешка пудра и оставете да отстои преку ноќ. Следниот ден, избришете ги и облечете ги чевлите што ќе мирисаат на нови.

Го „поправа“ крцкањето на подот: имате крцкав паркет? Посипете бебешка пудра на подот, а потоа со метличка пополнете ги празнините помеѓу летвичките.

Ги брка мравките: посипете од овој магичен прав пред вратата или околу прозорецот. Мравките сигурно ќе го заобиколат вашиот дом.

Ја намалува б олката за време на депилацијата: напудрете ги нозете пред да се депилирате, што ќе создаде дополнителен слој што ќе ве заштити од можниот претопол восок.

Ја заменува камената пудра: наместо скапите камени пудри кои ги нанесувате како завршен слој при нанесување шминка, ставете само малку бебешка пудра и ќе изгледате одлично.

Ќе ве освежи: наместо дезодоранс за пазуви, ставете бебешка пудра. Ја апсорбира потта и задржува свеж мирис.

Го освежува креветчето на вашето домашно милениче: исчистете ја корпата или креветчето со бебешка пудра бидејќи тоа ќе го освежи на најбрз можен начин.

Им помага на фризурите: Вашата коса е непослушна? Измешајте бебешки прав и иста количина прашок за печиво. Смесата што сте ја направиле делува како сув шампон и косата ќе ви биде благодарна и послушна.

Просторен мирис: Ако не ви се допаѓа мирисот на детска пудра, додајте неколку капки од омиленото есенцијално масло. Наросете од миризливата пудра околу станот, кој потоа ќе мириса божествено, пишува НМД.мк

Претходна статијаНајемотивната честитка за роденденот на Лозано: Еден ми е, да ми е тука најдолго (ФОТО)
Следна статијаЕлена го покажа дечкото и му упати емотивна порака со повод (ФОТО)