Прозборе братот на Жељко Јоксимовиќ: Не се дружиме

0

Пејачката Цеца Славковиќ повеќе од деценија не е активната на сцената. На публиката во аманет и остави два албуми и се повлече, а беше позната како девојка на Жељко Јоксимовиќ.

Жељко Јоксимовиќ денес е во среќен брак со водителката Јована Јоксимовиќ. Додека не ја запозна својата сегашна сопруга тој имаше романса со пејачката Леонтина и со водителката Адриана Чортан.

Сепак малкумина знаат дека тој се забавувал и со Цеца Славковиќ.

Тие соработуваа на нејзиниот албум „Тајна“, кој доживеа голем успех. Во меѓувреме Цеца се повлече од естрадата.

Имено, нивната врска беше доста актуелна во јавноста, но никогаш конкретно не говореа еден за друг.

Инаку, Цеца Славковиќ е запаметена како пејачка со соврешен глас.

Актерот Саша Јоксимовиќ е, како што е познато, брат на Жељко Јоксимовиќ, а сега тој отворено зборуваше за врската што ја имаат.

Тој и неговата сопруга Невена, со која е маѓепсан дури и по 12 години брак, го имаат синот Илија и би сакале да имаат бебе, а актерот неодамна проговори за тешкиот период што го поминале.

На прашањето дали му пречи кога ќе биде обележан како брат на Жељко Јоксимовиќ, Саша рече дека постигнал толку многу во својата работа што воопшто не му требаат „приколки“ и епитети.

Кога станува збор за врската со Жељко, тој истакна дека не може да не се блиски, затоа што се браќа, но не и да се дружат семејно, со жените.

„Не можам да не бидам близок со мојот брат, но ние не се дружиме семејно“, рече Саша, а потоа додаде и неговата сопруга Невена.

“Што значи семејство? За да може некој да биде член на вашето семејство, тој мора да го заслужи тоа. Тројцата сме семејство.

Сметам дека некои пријатели се мое семејство, а моите се многубројни и сложни, така што таа љубов мене ми е доволна “, рече таа.

Претходна статијаМакедонска актерка раскажа случка од имунизација: Се обидоа да ја тргнат оградата, да не истуркаат и да влезат преку ред
Следна статијаДаниел Кајмакоски: Ова е нов живот за мене, добро ми е!