Ице од Штип живее сам со три деца, со 10.000 денари, во куќа без мебел

0

Ице Спасовски пд Куманово е самохран татко на три деца и откако жената го оставила, тој самиот се грижи за нив во многу лоши услови.

Синот Живко сега има 19 години, ќерката Александра 16, и најмалата ќерка Анастасија има 14 години.

Женски магазин ја објави сторијата за ова семејство, каде се вели дека уште во првите години од бракот, Ице и неговата сопруга успеале да се снајдат.

Жувееле со многу мали приходи, кои не можеле да ги задоволат потребите само на едно дете, камо ли три. Ице ја раскажал целата негова приказна:

– Жената ме напушти, таа бараше удобен живот и ме остави сам да се грижам за нашите деца. Живко тогаш имаше девет години, Александра четири, а Анастасија една година помалку.

Ги зеде двете девојчиња, ги однесе во Центарот за социјална работа, ги остави во една соба и побегна. Кога ми се јавија од Центарот ме прашаа дали ќе ги земам децата или да ги однесат во До-мот за де-ца без роди-тели.

Не прифатив, им реков дека сам ќе се грижам. Жена ми отогаш повеќе ниту се јави, ниту не побара. Сам ги исчуваав децата до денес, со големи маки, во немаштија.

Живееме без струја 15 години. Сам се борам. Не сум побарал помош од никого. Во куќата има влага, сѐ е старо и недоправено. Немаме купатило. Немаме мебел. Спиеме на земја. Немаме канал, вода, сѐ што е најбитно.

-Пред 25 години живеев на улица. Студот и стресот си го направија своето. Прво ми се укочи ногата, а потоа и кичмата. Болен сум од иси-јаш.

Можам да одам само 50 метри и паѓам. За да поминам улица, треба некој да ми помогне. Не можам да спијам од болки. Примам помош од државата 10 илјади денари месечно“, изјавил Ице.

Тој за Женски магазин изјави дека немаат никаква покуќнина и додека бил здрав успеал да им направи само една соба на децата.

Цеката сторија прочитајте ја ТУКА.

Фото: Принтскрин/ Женски магазин

Претходна статијаЛуксузен одмор во Шпанија со приватен спа центар- што доби Цеца за роденден од Анастасија?
Следна статијаОва е поранешната на Вељко Ражњатовиќ, откри во какви односи се сега (ФОТО)