Харизматична сум, затоа толку ме има во медиуми – Ирена Спасовска за Вечер откри која е нејзината тајна

0

За да се одржи во добра форма, пејачката редовно вежба во теретана со личен тренер, внимава на изгледот, вегетаријанец е и се храни здраво.

Секое утро, таа пие свеж лимон со пола литар топла вода, и тоа многу ѝ помага во топење на мастите.

Спасовска се покажа и како добра домаќинка, па за Василица објави слика од василичарското диетално лепче и напиша: „Идеална диетална храна за детокс на организмот после празниците е лепчетп без брашно од цели изртени зрна.

Од хумусот со различни вкусови го преферирам пикантниот и есенскиот“, рече Ирена. Потоа, готвеше здрава храна и кај нејзината стара пријателка и колешка Адријана Алачки, со која ја започнаа музичката кариера како дуо, во емисијата „Вкусот на традицијата“.

„Вегетаријански специјалитето, лазањи со тиква и полнети и печени компири. Вкусот на традицијата. Јас и мојот асистент во оваа емисија“, напиша Ирена на Фејсбук.

Неодамна, таа сподели интересна порака на Фејсбук: Никогаш не се врти наназад. Таму е се без промена. Убав ден пријатели..

Ирена во последно време стана инфлуенсерка, по теркот на светските и на балканските ѕвезди од нејзината фела. Сите тие, сега заработуваат на овој начин.

Откако пејачите слабо настапуваат, таа на Фејсбук рекламира разни производи кои ги конзумира и во кои ужива. Станува збор за здрави напитоци, салони за убавина, ресторани, салон за мебел, па дури и кломпи.

Таа на Фејсбук им упати порака на сите оние кои ја критикуваат. Објавувајќи своја фотографија, Ирена напиша:

– Во инает на моите мразачи и годините што доаѓаат се чувствувам помладо дури и од пред петнаесет години. Ќе му пркосам на времето со мојата ведрина, духовност и виталност“, напиша пејачката.

Во една своја објава Спасовска сподели слика од себеси, но и од ќерка си, со која имаше повод за славење, во домашни услови.

На прв поглед, според украсеноста на нивиот дом, изгледа како Тамара или Ирена да слават роденден, но не е така. Роденден слави нивниот миленик. Ирена го украсила целииот стан во роденденски дух и напиша:

– Си славиме пет годинки на нашето милениче Луна. Да си ни живо и здраво меченце слатко што ни даваш неизмерна љубов. Среќни сме што те имаме и многу те сакаме“, објави пејачката и го покажа својот украсен дом и торта со свеќичка.

И таа и ќерката на сликите беа роденденски дотерани, а имаат дури и славенички капи.

Спасовска објави слики од себеси како ужова во разубавувањето, на козметички третман, масажа на лицето со маска. Во објавата, таа се пофали дека нејзиното лице изгледа убаво и без шминка.

Путер лице без грам шминка. После одмор, третман за враќање на сјајот и еластичноста на кожата на лицето.

Дермоабразија, со масажа и лимфна дренажа за исфрлање на непотребните тецности. Серум и хеулорон за потхранување на кожата“, објасни Ирена.

Во изјава за порталот Вечер.прес, на прашањето на познатиот новинар Дуле Мичиќ, што е тоа што толку ги влече медиумите да се занимаваат каде е и со кого е Ирена во слободното време, таа одговара:

-Не знам ни јас. Веројатно има нешто во мојата харизматична појава. Штом ќе ме видат излезена од дома, седната некаде во ресторан на ручек, вечера или само на кафе, знам дека веќе наредниот ден ќе се појави некој шо -кантен наслов од типот „Ирена иако видена сама, дечкото го крие како змија нозете“ или „Ирена не расфрлувај се со парите“.

Јас на новинарите не можам да им забранам што ќе напишана за мене, за среќа има најголем дел на културни новинари кои со усул пишуваат, но, за жал, има и тотално невоспитани и неписмени кои сакаат по секоја цена да ме испровоцираат.

Рамнодушноста е најдобар лек кој најефикасно ги убива тие лошите пишувања, па затоа не реагирам, само поголема слика нека ми стават, вели Ирена за весникот ВЕЧЕР.

Претходна статијаЌерките на Карлеуша на луксузен одмор, ќе ве заболи глава од сумата што ја искеширал Душко Тошиќ за одморот (ФОТО)
Следна статијаОрданоски по Агнеса, пак си фати плавуша? (ФОТО)