Касандра од Венецуела му упати порака на Новак Ѓоковиќ (ФОТО)

0

Нема некој не ја памети убавата Касандра и нејзината љубовна драма со Игнасио и Луи Давид, бабата Доринда и Ранду, кој беше несреќно вљубен во неа.

На крајот на деведесетите, кога се емитуваше немаше живо пиле надвор.

Сите беа пред Тв екраните, чекајќи ги авантурите на убавицата која живееше во циркус.

„Касандра“ е Венецуелска ТВ новела. Сценариото е напишано од Делија Фиало, а режисери се Грацио Дангело и Олегарио Барера. Главен лик на серијата е Касандра, млада Циганка која се венчава за богат човек.

Меѓутоа, таа не сфаќа дека е внука на домаќинот на таа куќа. На првата брачна ноќ, мажот на Касандра, Игнасио, го загуби животот, а Касандра ја обвинуваат за тоа.

Оваа теленовела имаше 150 епизоди и постигна голем успех ширум светот, а особено во Србија, Македонија, Бугарија, Русија, како и во други држави.

Серијата Касандра влезе во Гинисовата книга на рекорди како ТВ серија на шпански јазик што се емитувала во најмногу држави (128). Продукција и дистрибутивна куќа на оваа серија е Coral International, сега познат како RCTV International.

Популарната актерка од Венецуела, Кораима Торес (48) врвот во својата кариера и беше по улогата на Касандра во истоимената серија.

Експанзијата на шпански серии во Македонија се случи во 1997 година, а токму „Касандра“ по се изгледа ќе влезе во историјата како најгледана филмска серија.

Ниту репризите на оваа серија во која Касандра, Доринда, Игнасио и Ранду кои беа главни ликови немаше помала гледаност. По нив дојдоа некои нови актери, па Кораима Торес беше заборавена.

Денеска ако ја видите нема да ја препознаете. Поминаа 29 години откако е снимена серијата, но за Кораима како времето да застанало.

Иако ја гази петтата деценија, актерката има совршено тело и изгледа како три децении помлада девојка. Таа воопшто нема направено естетски корекции, но одлучила да биде негувана.

Живот во природа и постојаните тренинзи си го направиле своето. И покрај тоа се има породено, Касандра има „плочки“ на стомакот.

Денес, Касандра се уште игра во теленовелитe. Од Венецуела, се пресели во Богота, Колумбија. Се омажи за актерот Николас Монтеро и го имаат синот Ману Нико.

Кораима Торес, која се прослави по улогата на легендарната Касандра, никогаш не криеше колку го сака Балканот, и свесна за успехот што го постигна за регионалната публика.

Таа досега неколкупати истакна дека Македонците и Србите се пријатен и љубезен народ, а сега ја потврди својата љубов со јавна честитка што му ја испрати на Новак Ѓоковиќ преку нејзиниот Инстаграм по вчерашната победа на Ролан Гарос.

Таа ја сподели фотографијата на Новак во приказната со срдечни честитки:

„Браво!“, напиша познатата Касандра.

Да потсетиме, Кораима Торес еднаш ја посети Србија, но и Македонија со нејзиниот колега Хенри Сото, кој го играше Рандуа во серијата. Касандра и Ранду беа на Градскиот стадион во Скопје кој беше преполн.

Билетите за сите оние кои сакаа да ја видат Касандра одеа како алва. Таа неодамна потсети на својот престој во Македонија и во Србија.

“Бевме толку среќни затоа што беше како сон, можевме да чувствуваме љубов, толку многу емоции од сите луѓе, ми се чини дека бев повозбудена од нив.

Тоа беше незаборавен момент”, рече таа и истакна дека жените овде се „убави и дека сите луѓе зрачат одвнатре и се полни со емоции“.

Претходна статијаНаполни 101 година, а скоро 40 си „крцка“ пензииче – вчера на Ноле му наздрави со 3 чашки рaкиичe за победата
Следна статијаЌерките на Карлеуша на луксузен одмор, ќе ве заболи глава од сумата што ја искеширал Душко Тошиќ за одморот (ФОТО)