Србинот Ноле направи потег за респект, а откри и зошто – победничкиот рекет му го подари на дете од публиката

0

Новак Ѓоковиќ изминатиот викенд докажа дека е најдобриот тенисер на Светот. Најпрво во полуфиналето го елиминираше најголемиот ривал Надал, а во финалето од негатива 0-2, стигна до триумф.

Стефанос Циципас освои два сета против Новак Ѓоковиќ, но и тоа не беше доволно да го освои првиот грен-слем во кариерата.

Грчкиот тенисер стигна најдалеку досега и го забележа првото финале на Ролан Гарос, но на крајот загуби со 3:2 по големиот пресврт на српскиот ривал.

Иако му честиташе и му упати многу комплименти на противникот, на прес-конференцијата по финалето Циципас на интересен начин го коментирал заминувањето на Ѓоковиќ во соблекувалната.

– Го напушти теренот на 0:2, не знам што се случуваше таму, но се врати како друг човек.

– Не знам, немам идеја, играше многу подобро, не ми даваше веќе простор, физички, антиципација, движење по теренот, се изгледаше посвежо и подобро од дотогаш. Одеднаш почна да ми ја чита играта подобро, – изјавил Циципас.

– Искрено, после негативата од 2:0, слушав два глава во мојата глава. Едниот ми велеше дека е готово, дека не можам да направам пресврт, а тој глас беше прилично гласен по загубениот втор сет.

Тогаш почувствував дека треба да се посветам на другиот глас, реков дека можам да направам кам-бек, почнав да си повторувам на себе за да почнам да си верувам. Кога почна третиот сет, се чувствував многу подобро, а после тоа, немав никаков сомнеж дека можам до победа, – изјави Ѓоковиќ кој не крие дека е максимално амбициозен и дека ќе ги нападне преостанатите два грен слема до крајот на сезоната и трофејот на Олимписките игри со кои би комплетирал „златен слем“.

– Не отфрлам ништо, можно е такво сценарио. Патувањето кое го имам досега оваа сезона е фантастично. Остварив успеси за кои многумина мислеа дека се невозможни. Се е можно и се наоѓам во добра позиција за „златен слем“.

Сепак, така беше и во 2016-та година, па загубив на Вимблдон во третата рунда. Сега има само две седмици до Вимблдон и тоа не е идеално за подготовка. Ќе се обидам да се прилагодам што е можно побрзо, – изјави Ѓоковиќ.

По завршувањето на финалето на Ролан Гарос во кое Новак Ѓоковиќ триумфираше над Стефанос Циципас, се случи една од најубавите приказни во историјата на турнирот.

Српскиот ас рекетот со кој го освои 19-от гренд слем му го подари на едно момче, а тоа било толку многу воодушевено што сцената го обиколи светот.

„Не знам кое е момчето, но го слушав цело време. Ме бодреше кога губев 2:0. Дури ми даваше и совети во текот на натпреварот, како тренер.

Тој беше најдобриот избор, сакав нему да му го дадам рекетот поради тоа што ме поддржуваше во текот на целиот натпревар“, изјавил Новак.

Видеото можете да го видите ТУКА

Претходна статијаИлина Арсова направи важен чекор за сите жени, наша позната пејачка ја поддржа (ФОТО)
Следна статијаКристина Арнаудова низ солзи се присети на татко си Гоце: Секогаш е со сите нас