Водителката Елена во куќа со базен се фотна во костим за капење и порача (ФОТО)

0

Водителката Елена Стефановска е секогаш дотерана и негувана, таа е секако дама што се грижи за својот надворешен изглед, но и внатрешен, а во една прилика и зборуваше на таа тема:

– Секој ден ја чистам кожата на лицето. Кога ќе станам наутро задолжително го мијам лицето со ладна вода. Веднаш потоа го нанесувам серумот за лице со кремата за околу очи.

На крај, дневна хидратантна крема која убаво ја нанесувам и на вратот. Сакам природен изглед со лесна шминка, не сакам многу бои на моето лице кога немам снимања. Никако и никогаш не легнувам со шминка.

Сигурна сум дека тоа е тајната на добриот младешки изглед, чиста и негувана кожа, макар и во домашни услови.

Затоа девојки мои, основната хигиена е најважна. Јас тој однос кон мојата кожа си го имам од кога знам за себе“, рече водителката која ја води емисијата Живот со стил.

Елена од неодамна има нов концепт на емисијата „Живот со стил“.

Таа обезбдува шопинг од половина час за натпреварувачите, поточнo таа ги части. Натпреварувачите ги оценуваат познати личности.

– Се гордеам што толку време успевам да ја одржам емисијата, да опстојува во етерот, да биде атрактивна и со гости и со содржини.

И се трудам секогаш да биде нова, примамлива, интересна и различна.

Тешко беше и на почетокот, но и сега е исто, секогаш треба да најдеш интересен сегмент и да ги убедиш потенцијалните спонзори за да го најдат својот бенефит за својот производ во мојата приказна наречена „Живот со стил“.

Но, најважно е да се работи работата што ја сакаш. И да ја работиш со професионален тим во продукцискиот дел.

А кога твориме со љубов, резултатите се неминовни“, изјави таа во претходно интервју за hybrid.mk .

Сметам дека пред сè, треба да се биде практичен во остварување и достигнување на зацртаните цели. Не сум научена да седам и да чекам, сè да ми биде сервирано на маса.

Иако има многу суета во светот на бизнисот, секогаш се трудам да се приземјам и суетата да ја оставам на страна, додека работам и создавам.

Амбициите ме водат за поголеми успеси, камерата ми е најголемиот заводник, а приказните на познатите ми отвораат нови хоризонти”, изјави таа во истото интервју.

Морам да се пофалам дека сум горда тетка на две прекрасни девојчиња Лара и Дора. Тие моментално се мојот свет.

Би сакала да ја искусам и другата страна од животот, секако дека би сакала да се реализирам во улога на мајка која сметам дека е најважната улога на секоја жена“, има изјавено Елена.

Таа најверојатно со својот сакан Бојан ужиова во првите летни денови, и ги фаќа сончевите зраци кои беа поретки изминативе денови поради променливото време.

Елена објави слика од викендица во Марков Манастир каде што е во костим за капење, во куќа со базен и порача: Летната сезона е отворена!

Претходна статијаИгор Џамбазов со емотивна и силна порака за нашите фудбалери на Европско (ФОТО)
Следна статијаЕмилија Розман се сликаше со својот идол: Ти благодарам за се (ФОТО)