Нема која не ја памети и не ја споменува енергијата со која Гоце Арнаудов пленеше на сцената додека настапуваше. Големата македонска музичка легенда, Арнаудов, поч ина во декември во 2011 година на 52-годишна возраст по долго бо ледување.
Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1959. Тој уште на десетгодишна возраст почнува да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко.
По завршувањето на средното образование ја формира групата „Крик“, со која се претставува низ цела поранешна Југославија.
Гоце се враќа во Македонија во 1993 година и за кратко време ги освојува симпатиите и признанијата на публиката и на музичката критика. Каде и да учествува предизвикува еуфорија, а на сите фестивали ги освојува првите места.
Гоце за својата кариера зборуваше во едно Тв интервју во 1999 година.
– Јас кога почнав на естрадата, во 1992 година, оставив силен впечаток. И уште не е прекината таа нит помеѓу мене и публиката. Ги освоив сите награди, го освоив дометот и мислеа луѓето дека треба веќе да паднам.
Но, јас пак ги освоив сите фестивали, сите награди, и ТВ лице на годината. Така да, јас работам. Тоа е една континуирана работа, и мора да има плод.
Јас сета енергија и сета емоција ја црпам на сцената и ја давам на народот. Тоа го ценат луѓето. Не сум јас толку тргнат по наградите, јас сум тргнат по песните.
Сите знаат дека на почетокот јас пеев забавна музика, рок музика, потоа станав кафански пејач и најмалкун пеев народна музика.
Свирев по такви локали по светот. 17 години бев на Јадранско море, каде што не се свиреше народна музика. Ги знаев сите македонски народни песни, татко ми е музичар.
Луѓето ми велат кога не пеам: Гоце, зошто си лут? Знаат дека сум расположен, но кпга не пеам, сосема сум друг човек. Таму ја исфрлав цела енергија. Кога ќе седнам на столот сакам некој мир, и кога разговараме не можам да бидам истиот како на сцената. Пак има моменти кога се однесувам така, и откачено“, изјави Гоце.
Неговата сопруга Силвија, во 2016 година за „Фокус“ изјави:
– Гоце беше целиот мој живот. Знаев колку му е важна кариерата, затоа и му се посветив нему, на нашите две деца, на домот, семејството. Не се ни трудев да градам моја кариера, бев и мајка и татко, поради неговите чести турнеји и работни обврски.
И не жалев поради тоа, мојот сопруг го живееше животниот сон, беше нашиот голем музички амбасадор, а јас бев горда што сум му поддржка, не надевјќи се дека еден ден ќе го живеам животот кој што го имам денес.
Но, вистината е тоа дека јас, сопругата на нашата најголема фолк легенда во изминативе децении, немам никакви примања, никаква пензија наследена од мојот сопруг, паднаа во вода ветувањата дека постхумно ќе биде прогласен за национален уметник, за заслужна личност“, изјави сопругата на Гоце.
Арнаудов многу го почитуваше и го ценеше својот постар колега Пепи Бафтировски. Пепи и Гоце ја делат истата судбина, и едниот и другиот од овој свет си заминаа поради кан-цер.
За Фокус, проговори неговата ќерка Харита Арнаудова, која рече колку емоции почуствувала во еден посебен момент, кога ја слушнала песната од својот татко.
– Ги видов снимките со нашите фудбалери кои се забавуваат со песна од татко ми. Со две мали деца сум, обврски околу нив, изгледа јас последна го видов видеото кое ме трогна до срж и започнав да плачам- за ,,Фокус” раскажува Харита Арнаудова, ќерка на легендарниот фолк музичар.
Неговата песна ,,Ќе пијам, ќе лумпувам” вчера одекнуваше на голем звучник во хотелот во Букурешт, каде е сместена нашата фудбалска репрезентација, а снимката со расположените фудбалери за кратко време стана хит.
Харита вели дека да беше жив татко и, тоа ќе било едно од неговите најубави доживувања, да види како неговите песни одекнуваат пред важните натпревари на ЕП.
-За татко ми фудбалот беше важен исто колку и музиката! Сигурна сум дека ќе најдеше начин да биде со фудбалерите во текот на целото првенство, да ги следи, бодри, забавува, сигурно…
Горан Пандев, или како што ние си го нарекуваме, Гочето и татко ми имаа посебна врска. Многу се почитуваа и сакаа. Горан е наша гордост и ни е како дел од семејството. Татко ми го сакаше како син. Се радуваше на неговите успеси, на раѓањето на неговите деца, затоа што не го дочека раѓањето на нашите…
Пандев и брат ми Оскар заедно беа на финалето помеѓу Интерн и Баерн Минхен во 2010 година, кога Горан успеа да го крене и победничкиот трофеј на лига на шампиони. Убави спомени има цело наше семејство со него – појаснува Харита.