Ана Јовковска: Каков пустош, ми се плаче!

0

Секогаш отворено и низ лично искуство, за многу нешта зборува Ана Јовковска. Таа е колумнистка, ТВ-водителка, специјалист за односи со јавност и промоција, тренер за личен и професионален развој, активистка и хуманистка.

– Среќни и привилигирани сме сите кои имаме вистински блиски луѓе околу нас. Луѓето кои те сакаат никогаш нема да те остават “на цедило”. Тие се ветер во крилјата кога ти треба полет.

Тие се прегратка кога ти треба нежност. Тие се и подадена рака кога проблемите се нижат на ѓерданот на болката. Не ти го вртат грбот кога лицето ти е уплакано..

Не им тежиш кога тагата ти тежи. Не бегаат од тебе кога срцето ќе им го отвориш. Не се кријат во глувчешка дупка кога ти треба помош.

Тие знаат да дадат и без да бараш. Не се глуви кога ги молиш. Таквите луѓе имаат топли очи и емпатични срца.

Таквите луѓе те учат да се бориш, низ примери и дела ти покажуваат што значи да истраеш. Таквите луѓе се создадени од материјалот на љубовта.

И ја крпат секоја нова дупка одново и одново, се додека твојот фустан не стане прекрасна творба на животот со сите несовршености и искуства.

Таквите луѓе расчистиле со суетата и себичноста кога ја избрусиле рожбата на зрелоста. Не ги пакуваат куферите кога станува тешко. Тие не се бегалци од животот.

Тие се тркачи на маратонот на добрината. Таквите луѓе имаат нешто што е повеќе од име, од термин. Тие се РОДИТЕЛИ! Не по вокација, ами по вистина. Тие се љубовта што те научила да љубиш.

Тиe се генот што клокоти во твојата утроба кога создаваш нов живот. Тие се ликот во огледалото кога ќе остареш. Тие се ѕвездите на небото што ти даваат надеж дека овој живот е убав, сега и тука!“, напиша Јовковска неодамна на Фејсбук.

Ана напиша интересен статус кој е поврзан со нешто што таа со нетрпение го очекувала, а тоа терминот за имунуизација.

-Пред години кога чекав љубовни пораки не го проверував толку често мобилниот како сега кога чекам инфо за термин за вакцина!

Во меѓувреме, како фриленсер-ка чија егзистенција зависи од моментално сработеното, одбивам потенцијално ризични проекти со поголем број на луѓе (модерации на настани, дебати, секакви проекти од културата, обуки…

Она што ми е главен извор на финансиски средства веќе седум години откако не работам во телевизија ) и губам долгогодишни клиенти.

Одамна е проблематично што неколку години немам ни здравствено ни пензиско осигурување, ама сега со пролонгиранава вакцинација во пандемискиве проклетија станува проблематично да се издржи во секој поглед.

Во овие година и три месеци не се пожалив, но некои луѓе и професии се навистина поранливи од други, не само од економски аспект, туку и од здравствен аспект.

Ана има издадено три свои авторски книги. Првото нејзино дело е „Пулсот и времето“ , по него е „Ехо на слободата“ а третата е „Сакам, значи постојам“.

Во скопско Дебар Маало беше исечен дрворед, а образлоѓжението од општината беше дека дрвата биле стари, болни и скапани. Тие уште надополнија дека на местото на пресечените, ќе бидат засадени нови дрва.

Многу граѓани остро реагираа по сечењето на дрвјата, а меѓу нив е и Ана Јовковска која на Фејсбујк сподели слика и напиша:

– Каков пустош! Каква еколошка несвесност! Каква крвничка одм азда врз природата! Каква дрскост! Ми се плаче!„

Претходна статијаЕлена Велевска доби необичен коментар од обожавател: Уффф, како си добра за…
Следна статијаАктерот Дац, но и уште еден човек, имаа што да му порачаат на Венко Филипче: Жените ќе го спасат светот (ФОТО)