Елена Велевска доби необичен коментар од обожавател: Уффф, како си добра за…

0

Елена Велевска неодмана отворено проговори за моменталната ситуација во која се наоѓаат музичарите, но и за тоа колку македонскиот народ е желен за музика и забава после сите лоши моменти кои ги имаше во изминатиот период поради вирусот.

-Публиката ми се чини дека никогаш досега не сум ја доживеала дека е толку жедна за пеење, за музика, за софра, пиење, за здравица.

Значи, народот сака песна и никој не може да ме убеди дека на народот не му е дојдено до песна.

На народот и тоа како му дојдено до песна, до олабавување, да заборави на сè што се случи, а тоа сето полесно е кога ќе го пренесеме ние преку песна.

Ќе ги разнежниме и на тој начин многу е полесно и да си се опуштат со добро вино и убава музика, истакна Елена во интервју за ИН ТВ.

Во еден период од нејзината кариера, Велевска се пробиваше и на бугарскиот музички пазар:

– Овде како да достигнав се,а пак го немаме оној гламур кој доликува за вистинска ѕвезда. Знам дека можам и заслужувам многу повеќе.

Последнава година имав се почесто настапи во Бугарија, на мое големо позитивно изненадување тамошната публика ме прифати одлично.

Во моментов музичката сцена во Бугарија е на врвот кога е Балканот во прашање, квалитетни видеоспотови, изведувачи, и најбитното имаат голем медиумски простор каде да ги презентираат своите дела.

За жал во Македонија во моментов состојбата е таква како што е, и секое алтернативно решение е добредојдено“, изјави Велевска претходно.

Пред една година, Елена која е мајка на три деца во естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ потврди дека се разведува од сопругот Марјан.

„Многу се трудев за да ги задржам двете позиции, но тоа е, во тек е развод, изјави тогаш Велевска.

– Мислам дека самите треба да процените какви комплименти даваше таа претходно за мене, дека јас сум најдобар родител, дека ја разбирам, дека во нејзината професија ретко кој разбира и одеднаш сум станал сега сè најцрно.

Јас не знам како тоа досега не беше така. Се е тоа лага. Знам дека е покрената бракоразводна парница, немам добиено документи, но бев известен од адвокатот“, изјави поранешниот сопруг на пејачката за Вистина.мк кога за првпат изјавија дека се разведуваат.

Во моментов се чувствувам богата во срцево што сме преживеани, а за финансии не сакам да мислам затоа што знам да се носам и кога немам и кога имам-вели Велевска за ,,Фокус”.

Елена пред ивесно време снимаше спот и тоа на убава и екслузивна локација, во хотелот „Изгрев спа“ во Струга, од кој се пружа прекрасен поглед на Охридското еззеро.

Слики од снимањето со Елена објави продукцијата „Томато“. Она што е карактеристично на сликата е стајлингот на пејачката.

Велевска носи високи чизми, џемпер, но не носи ниту панталони ниту сукња, што на оваа фотографија, а и на видеото му дава дополнителна провокација. Таа на Фејбук неодамна имаше емотивно обраќање:

Драги мои, Сите знаеме дека добрата песна нема рок на трање, секоја песна има творци и кога е презентирана на широката јавност, но дали истата ќе остане да живее и ќе остави трага- нема правила. На многу песни им е посветено вниамие, но не станале хитови. Добар дел неправедно биле недоволно промовирани, но и после долги години се пеени, препејувани и обновувани.

„Говорот на телото” од првиот ден го имаше внинамието, ама секогаш имав впечаток дека песната не го добила тоа што го заслужува секоја добра песна во ова модерно време на екранизација. Можеби и подобро е токму сега кога видео-записите кои, иако се направени од вистинските мајстори на својот занет, знаат да ја пренесат душата на песната низ подвижни слики…

Не го следевме трендот на повторно снимање на песната бидејќи оргиналната верзија ја има душата која и после 17 години, ќе речат нескромно е, но навистина парира на денешната продукција.

Единственото што недостасуваше за песнава да биде комплетна е видео-запис кој во моментов Ви го презентираме (да, множина, бидејќи цели тим стои зад ова парче), а воедно сме горди што токму „Говорот на телото” е првото вертикално видео за песна од Фолк етерот. Со почит, Елена Велевска“.

Таа ја смени својата насловна фотографија на Фејсбук и доби многу коментари под неа. Многумина велеаа дека прекрасно изгледа, дека е супер и дека е многу згодна.

„Права лепотица“, „I love you baby“, „Каква жена за сва времена“ се дел од коментарите, но еден кој се издвојува вели: Уфффф како си добра за…

Претходна статијаАндријана Јаневска ја покажа сестра си со посeбен повод, двете се како светски топ модели (ФОТО)
Следна статијаАна Јовковска: Каков пустош, ми се плаче!