Шилегов: А зошто да не се направи жичара до Галичник?

0

Скопsкиот градоначанлник Петре Шилегов во интервју за Репортер зборуваше за тоа каков бил негвиот живот пред да влезе во политиката.

Тој рече дека пораснал во Бутел 1 и Скопје секогаш го доживувал на многу емотивен начин. „Премногу го сакам овој град и сакам луѓето да го сакаат градот.

Знаеш, јас имам обичај да кажам за градот дека градот е уствари нашата голема куќа, и сега, како што сакаш да ти е убаво дома, сакаш да ти е убаво и околу тебе, и мислам дека понекогаш несоодветно се однесуваме ние како граѓани на Скопје кон нашиот град“, рече Шилегов.

Потоа зборуваше дека излегувал во чаршија, во МКЦ и со кои места и локали во Скопје е поврзан и каде се движел во помладите денови. Потоа рече дека скопската чаршија е поубава и поголема од сараевската Баш чаршија.

Кога сака да избега од Скопје, тој оди во Маврово, во славната куќа на Шилегов и за фамата која се кренала која беа карантините, а тој отишол во Маврово. „Отидов дома“, рече тој.

– Маврово е прича што е 12 месечна, само ние другачије је перципираме, треба да го искористиме тој потенцијал.

И денес денес ми е нејaсно, се обидувам да сi објаснaм околу туристичката стратегија на државата, зошто да речеме, не се продужат жичарите до Галичник“, рече Шилегов.

Тој зборуваше и за неговиот стил на облекување, и изјави дека самиот пазари облека. „Сам пеглам кошули секое сабајле, да знаеш. Тоа ми е навика од мајка ми на времето- што ќе си носиш тоа ќе си испеглаш.

-Ние имавме обичај со семејството, пред да влезам во политиката да одиме 40-50 дена на море. Што е нешто што сега е невозможно да го направиш.

И океј, семејството е жртва, меѓутоа ако па немам поддршка од нив и ако немам разбирање од нив, јас не би можел да ја работам оваа работа. И благодарен сум за тоа. Знам колкави се жртвите што ги имаат.

Пак велам, го губиш приватниот дел од животот, многу потрагично, го губиш времето што можеш да го поминеш со нив а не го поминуваш. А децата растат..

Блиски сме , компатктни. Ќерката е Симона, синот е Иван“, рече Шилегов и раскажа дека со ќерката е роден на ист ден. „Егеец сум по потекло, а за егејците се контраверзиите околу скржавоста големи и во тој дел на скржавоста не сум толку Егеец.

Економија, една забава, два поклона. Океј си е таа прича. Се зезаме со другарите коишто ни се од деца и уште сме добри другари кога се дружиме баш на таа тема, и сум предмет на зезање. Како се роди ќеркава, почнаа да и го тријат носот со тие муабети.

Претходна статијаГрабна да ме боли заб во Њу Џерси – скапо е, ама морав да одам и ќе кажам, ваква забарка не ме работела во МК
Следна статијаНа Карлеуша никој веќе не ѝ верува, еве зошто