Ќерката на Соња и на Јохан пред важен чекор во животот (ФОТО)

0

Иако со музика активно не се занимава последниве години, Соња Тарчуловска секогаш сака да запее добра стара македонската народна песна.

Соња Тарчуловска, порано Величковска, во музичкиот свет остана запамепета по песната „Во бело“, која и денес се пее на многу свадби.

Соња му е сопруга на Јохан Тарчуловски, и беа разделени 8 години. Од 2005 до 2013 година, Јохан беше беше во зат-вор, шест години во Холандија и две во Германија. Кога се врати дома, Соња му ја посвети песната „Добредојде“.

Таа со своот сопруг често оди во природа и тоа се гледа по сликите што ги објавува од прошетките, но и од заедничките патувања.

Многумина ќе речат, за животот на Јохан Тарчуловски може да се напише книга или пак да се сними филм со оглед на сите случувања.

Јохан во младоста бил познат како водач на „Комитите“, навивачката група на ФК „Вардар. Потоа по победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 1998 година стапил во обезбедувањето на премиерот Љубчо Георгиевски.

Во 2005 година од страна на Хашкиот трибунал му беа одредени 12 години зад решетки. Тој отслужил шест години во Шевенинген, а останатите две години во градот Диц, Германија.

На 10 април 2013 година, Тарчуловски беше ослободен. Притоа, при неговото враќање дома, на аеродромот го пречекаа тогашнниот премиер Никола Груевски, највисоките раководители на ВМРО-ДПМНЕ, неговото семејство и илјадници поддржувачи, а прославата продолжи на плоштадот во Скопје.

„Дали верувам љубов? Со сето мое срце и душа верувам во љубовта, и сакам да останеме до крајот на животот со Јохан“, кажа во едно интервји и додаде:

„Порака до жените: Вашиот маж треба да ја чува и негува жената. Порака до мажите, ако вие ја покажувате и искажувате почитта кон сопствената жена, безрезервно таа ќе цвета. Не заборавајте, жената е покрај мажот ако тој заслужил“, кажа Јохан.

„И покрај сите трагања секој од нас смислата на животот ја пронаоѓа во љубовта“, напипша Соња покрај една од сликите со својот сопруг.

Соња е во брак со Јохан Тарчуловски повеќе од 15 години и имаат три деца, Мелани, Младен и Јоана. Мелани тргна по стапките на мама, таа е успешна млада пејачка.

Најмалата ќерка Јоана, наскоро ќе напони шест години. Со емотивната објава на Фејсбук, Соња ѝ го честиташе роденденот на Јоана минатата година: „Ти си нашата паметница! Вистинска бајка си мамино.

Сè што е во тебе зрачи со љубов. Во суштина ти по илјада пати во денот пренесуваш љубов, а од другите само тоа го бараш да бидеш сакана а ние многу те сакаме.

СРЕЌЕН 5 РОДЕНДЕН, ОСТАНИ ТАКВА КАКВА ШТО СИ. Те сакаат мама,тато, бато и дада“, напиша Соња.

Најновата објава на Соња на Фејсбук е промена на нејзината профилна слика, која ги поддржува нашите фудбалски репрезентативци на Европското првенство.

Но, она што особено ги прави горди Јохан и Соња во овој период е новото поглајве во животот на Јоана, најмалата ќерка. Таа од септемвери ќе оди во прво одделение.

Соња на Фејсбук објави слика од Јоана и напиша: Започнуваме нова приказна. ЈОАНА прваче. Со среќа, радост и успех“.

Претходна статијаГо урнаа најкултното место во Охрид – сега ќе си постелваме пешкирчиња на камчињата
Следна статијаОткако раскина со Дарко Лазиќ, се огласи Марина – направи драстичен чекор