Сања Савевска, водителката на Брза кујна која за кратко време им стана многу мила на гледачите на Сител ТВ, во една прилика изјави како според неа треба да изгледа еден водител на ТВ.
Според Сања, Тв водителот треба да биде секогаш за се добро информиран, да умее убаво да говори, да има правилен изговор на зборовите и да чита многу.
Луѓето сметаат дека за оваа работа е потребен само добар изглед и имиџ, па посегнуваат кон покривање на недостатоците. Затоа, на крајот сите се слични едни на други, со л оша дикција и недоволно подготвени за интервјуата.
Уникатноста и природниот изглед, шармот, харизмата и знаењето ги покриваат сите недостатоци“, изјави Сања претходно за „Точка“.
Таа е една од ретките наши водителки кои имаат земено изјава од Новак Ѓоковиќ, и изјави дека цел живот ја чекала. Сања е хумана, и многу сака да им помага на луѓето. Еден од нејзините омилени ликови за инетервју е Јане Велковски.
Сања е во врска со Томи, кој е вљубеник во мотори, а таа вели дека е девојка која никогаш не би се качила на мотор.
Но, за љубов на својот сакан, Сања го надмина и стра -вот од мотори. Се за љубов! За возврат, тој со неа оди на театарски претстави.
Водителката на својот Фејсбук профил објави емотивен статус како знак на благодарност кон сите што ја поддржуваат откако стана водителка на познатото кулинарско шоу. Сања исто така кажа дека не ѝ пречат критиките упатени на нејзина сметка.
-Безброј пораки, безброј коментари и нормално по некоја критика, но сето тоа за мене голема радост и поддршка. Ви благодарам на сите што во овој изминат, но и краток период ме прифативте како домаќинка во вашето омилено кулинарско шоу, Брза Кујна.
Сето тоа ми ја задржува насмевката и ме прави вистински среќна што пред нас имаме уште многу моменти да ги поминеме заедно во најзабавните кујни во Македонија“, објави Сања.
Во една прилика, таа кажа дека голема заслуга за она што таа е денес има Димќе Мепшковски, легендарниот актер, зашто Сања како мала почнала како глумица во неговата школа.
„Самата проценив дека немам голем актерски талент и дека тоа не е професија во која би била среќна, па во последен момент ги избрав политичките науки и така завршив на Правниот факултет во Скопје“, искрено вели Сања.
Димче Мепковски беше во Скопје пред три години, според објавата на Сања на Фејсбук која се присети на дружбата со него.
Сега Лос Анџелес е неговото постојано живеалиште, тој речиси седум години живее во Америка, ама кога ќе дојде во Скопје сака да рече: Живеам и таму, и тука, на Партизанска. Димче беше во Скопје во 2018 година и раскажа за својот живот близу Холивуд.
– Животот е убав и скап. Особено за нас, затоа што ние заминавме како пензионери, плус со сите мои здравствени проблеми. Веќе не можам да работам за да допиринесувам дома.
Егзистираме скромно, но врзани сме за ќерката и за внуката, затоа сме и таму. Една од причините што заминавме е американската медицина.
Во Лос Анџелес многу добро ме лечат, медицината таму е на највиско ниво. Стручни кадри, стручна екипа, медицинска техника до совршенство.
А јас, бидејќи имам повеќе од 65 години, имам право на бесплатно лекување“, рече Мешковски во интервју за Женски магазин.
Сања објави слика со својот драг пријател и учител и до неа напиша: Во очекување на нашата следна средба. Чичко Димче, најдобриот човек на светот.