Грациела Алачки и Игор Димовски вљубени до уши, еве зошто додека свири само неа ја гледа (ФОТО)

0

Адријана Алачки е многугу горда на својата ќерка Грациела, но секако и нејзиниот татко, познатиот музичар Горан Алачки. Грациела од 2014 година е во брак со хармоникашот Игор Димовски.

Димовски, кој е еден од нашите најдобри хармоникаши, е ученик токму на таткото на Грациела, Горан Алачки, и ужива изведувајќи македонска народна музика.

Медиумите во 2014 година објавија дека во хотелот „Александар палас“, се случи свадбената веселба на ќерката на Адријана и Горан Алачки, Грациела, која му кажа „да“ на нејзиното долгогодишно момче Игор Димовски.

Преку 300 гости од целиот свет уживаа во музиката на „Академци“ и Драган Мијалковски, но најинтересен беше моментот со играорците од КУД „Кочо Рацин“ каде што членуваат младенците.

Првин Грациела го поведе „тешкото“, а потоа нејзиниот сопруг се качи на тапан, а во стилот на традицијата набргу му се придружи и татко и Горан. Весело, достоинствено и наше македонско ечеа ората на кои Граци, ја покажа сета играорска вештина.

Од познатите личности на веселбата присуствуваа Ирена Спировска, Ристо Краповски и Сузе Туринџиева, а вљубената двојка, по благата ракија замина на меден месец во Грција.

Денес, Игор и Грациела се родители на петгодишната Јана, за која бабата Адријана често пишува на Фејсбук Соколица на баба!

Како да го објаснам тоа, ми дава сила а ништо не ми прави, ме држи на нозе во животот а всушност ти ја држиш за раченце додека оди…чудни работи“, рече Адријана неодамна.

Кога Грациела прослави роденден, Адријана со емотивни зборови ја опиша својата ќерка.

– Да се има ќерка како што си Ти моја Граци е привилегија, дар од Бога, бескрајно му благодарам што толку ме награди за да почувствувам што е дете, со сите ни шани.

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН моја убавице. Биди ми здрава и среќна со твоите најмили, остани скромна како секогаш, тоа ти е голем украс и многу незаборавни мигови до следниот…Многу те сака мама!“

Сопругот на Грациела, Игор, на Јутуб сними микс од песни кој се вика „Пауза за ракија“. Тој и неговиот состав свират прерботки на македонски народни песни но и народни песни од бивша Ју.

Видеото е снимено на сплавот на Свети Наум, и додека Игор и групата сворат мераклиски песни, а сплавот плови по изворите на реката Дрим, може да се забележи дека една од гостинките е токму Грациела.

Таа е дотерана тип топ, во црвен фустан, а Игор додека свори најмногу неа ја гледа, а кога таа стана да заигра, Игор и се доближи и свиреше само за својата сакана.

Претходна статијаСон на сите е да заминат во Германија или Швајцарија, а Ханс дојде да живее во нашите краиштa
Следна статијаНа Сања од „Брза кујна“ и недостасува најдобриот човек на светот, сподели носталгичен спомен (ФОТО)