Сузана Турунџиева многу често на својот Инстаграм и фејсбук споделува мудри и инспиративни мисли, кои се и интересни за нејзините следбеници.
Пејачката, водителка и писателка неодамна промовираше нова книга со наслов „Зборотерапија“ за која рече дека е разгиовор со нејзината душа, нејзината долгогодишна потреба по сопственото јас.
Познато е дека Сузана стана добра пријателка со хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова, која Новогодишните празници ги пречека во нејзиниот дом.
Од накит има само очи… ОЧИ, ПОЛНИ ЧОВЕЧНОСТ И ДОБРИНА! Да ја немаше ќе требаше да ја измислиме. Атиџе Муратова“, напиша Сузана за својата пријателка.
„Понекогаш медицината не е во состојба да го излечи она што љубовта може да го исцели… Биди љубов“, вели уште еден интересен статус на Сузана. Во друга објава, таа зборуваше за своето животно искуство.
„Она што не го учевме во училиште е ИСКУСТВОТО… со луѓе, ситуации, носење на одлуки, избори… Некои лекции изгледа не можат “од прва” да се научат, па затоа животот не ретко не праќа на поправен испит…
Секоја година ми носи нов “матерјал за учење” кој подоцна станува мој благослов. Најважно што досега научив е дека:
– Ако нешто не оди, тогаш немој да форсираш… Сигурно не е за тебе!
– Почитувај ги своите и туѓите граници! – Не постои награда за трпение…
– Биди она што си, бидејќи на вистинските луѓе им е важна твојата содржина, а не амбалажата.
– Немој да тргуваш во релациите со луѓето за да не дојдеш во ситуација да се ставиш себеси на распродажба. – Кога сакаш некого, кажи, ама и покажи!
– Во ред е да тагуваш понекогаш.. – Простувај секогаш кога можеш..“.
Сузана претходно беше во брак со пливачот Александар Маленко, таткото на нејзината постара ќерка Лора, а потоа се омажи за Маријан Јовановиќ, познат скопски угостител, кој поч -ина пред повеќе од четири години. Маријан е татко на помалата ќерка Матеа.
За него Сузана има изјавено дека ја сакал повеќе од својот живот. За Божиќ, Сузана објави видео како ја пее песната Feliz Navidad, и многумина ѝ честитаа на изведбата.
Во еден нејзин статус, Сузана со неколку збора да ја раскажала својата животна приказна.
„Велат дека на секоја жена и е потребен маж, за да има на кого да се потпре во животот…Еее, ама јас тој филм го немам гледано… Го изгледав само трејлерот… Филмот, за жал, заврши пред да почне.
Арно ама, за сметка на тоа што го пропуштив филмот, животот ми даде едни супер жени, едни женски братчиња, едни исклучителни и скапоцени женски битија со златни срца, благородни души и златни раце…“