Чичо Лазе: Не дека ми е син, ама воа е злато од дете

0

Долги години си живеам на село и со пот го заработувам лебот. Да сум учен, не сум, ама голем работник сум уште од мал. Се знае селски живот, нивичка, бавча, орање, копање.. секаква работа.

Порано беше потешко кога сè работевме на рака, а сега со машиниве полесно е, исто како да не работам јас. Аргати сме имале понекогаш, најчесто ние фамилијарно си ја завршуваме работата.

Јас имам само еден син, но тука се моите браќа инивните деца па тие се помошници. Отсекогаш сме си имале домашен зеленчук, овошје, лозје, од сè по нешто обработуваме и има и за продажба.

Откако останав без сопругата со една плата од земјоделие тешко се живее, па синот мораше на тешка мака да замине на печалба во Европа. А многу млад беше, 20тина години, но имаше желба сам да си заработува за леб.

Останав сам во куќата и најголема занимација ми е сè уште обработувањетп на земјата. Годините си врват и веќе снеможувам, но кога си земјоделец не може така лесно да се откажеш од работа и да гледаш пуста земја.

Сè дури можам ќе си работам. Роднините ретко доаѓаат да се видиме, сите на своја страна заминаа и не сме како порано. Најмногу од сè му благодарам на синот кој и покрај своите обврски секогаш успева да најде време да ми се јави или да дојде да ме види.

Се изнамачи и тој дури да најде добра работа и стан таму. Веќе 14 години е таму и се уште не сака да се жени, а не можам ни да го натерам. Му велам, место за мене толку да се грижи, нека си створи своја фамилија, моето веќе поминало.

Но не, тој е одлучен да ме чува мене. Тоа му било должност затоа што јас сум го израснал и сум го направил вреден човек. Мислам дека не мора децата толку да се жртвуваат за нас родителите, не е тоа заем што мора да се врати, но убаво е да нè почитуваат и гледаат одвреме-навреме.

Веќе не знам колку пати сум бил кај него, секоја можност ја користам да одам јас кај него и да ме прошета да сум видел и јас бел свет. Откако виде дека има многу поубаво, веќе не му се ни доаѓа во родното село.

Премногу внимание ми посветува, и повеќе од што треба, ми купува многу работи и испраќа по превозниците, не ми дава да работам на нива, ама јас не го слушам.

Човек дури е жив мора со нешто да се занимава. Покрај него се чувствувам како да сме ги замениле улогите, како јас да сум дете, а тој таткото.

А знам дека штом се зближи толку со мене, уште потешко ќе му биде кога ќе ме нема. Но тоа е циклусот на животот. Затоа му велам, скраси се доста спиеш сам, но што е негово секако ќе си дојде.

Убаво е кога си сигурен дека твоето дете те сака и почитува и сè ќе направи за да бидете сите задоволни. Не е важно материјалното, кој колку дава, важна е љубовта и почитта.

Родителот никогаш нема да му сврти грб на своето дете без разлика на се. Мојов никако не сака да ме остави сам, ми понуди дури и да живеам со него, ама јас не прифатив.

Се грижи многу за да не се разболам, дури сам ми купува лекови за да си го одржувам имунитетот. Дај Боже сите да имаат такви деца, не дека ми е единец, туку мислам дека културата и воспитувањето од неговите родители има најголем удел за тоа.

Многу наши роднини и пријатели се жалат од нивните деца, посебно па ако се во странство и не сакаат да ги погледнат. Да можам, сè ќе му дадам во знак на благодарност за неговата грижа и внимание, вели на крај чичко Лазар.

Обработи: С.С. Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаКристина Арнаудова: Дојде и тој ден, го започнавме најтешкиот дел (ФОТО)
Следна статијаД-р Нико Беќаровски ги разјасни сите дилеми околу кинеската вакцина