Познатиот доктор Чадиковски упати важна порака до сте мажи и откри дел од својата приватност

0

Пред неколку месеци, пејачката Адријана Алачки му посвети статус на докторот Владимир Чадиковски, познатиот хирург.

„Прелистувајќи го мојот албум со фотографии, пред оваа здивот ми застанува, токму заради него, досега не ја објавив зошто устата неможеше да ми најде збор, зошто сè уште не постои збор што толку ќе прилега на неговата големина, на тоа што е тој а како да му кажам „од срце ти благодарам” и мислам и тоа е малку….

Сè што и да направам и кажам за него ќе е малку… дамарот за него го посветувам, за овој единствен човек, хирург за кој светот пишува а тој е наш.

Колку ли деца спаси, колку ли мајчински и татковски срца израдува, чекајќи пред операционата сала да ги видат твоите очи и ги слушнат твоите зборови „сè е добро, не грижете се”…ах една од нив бев и јас, пред 15 години кога мојот син беше во твоите раце…

Се уште ти го паметам ликот од тој миг, чекајќите да излезеш… мојата најдолга и најтешка ноќ…

Ти си нашиот ангел со огромно срце и душа, за тебе никогаш не беа важни материјалните нешта.

Лично сум сведок, очите твои се смееа кога ќе ги испратеше дома здрави и живи, твојот однос е како сите да се твои деца, сиромашни, богати, познати, непознати, сите беа исто за тебе…

Ах убавецу наш, големино, биди здрав и жив , на сите си ни потребен…

Пред вистината и Боговите молчат, а ти си вистина… Кога помислувам дека „тајната на големите луѓе е во едноставноста” ти си примерот, рече Алачки за докторот кој и е голем пријател.

Скопје и годинава беше дел од глобалното хуманитарно движење „The Distinguished Gentleman’s Ride“ кое се одржува во чест на машкото здравје.

Стотина вљубеници во класичните мотори облечени во елегантни костими продефилираа низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста кај јавноста за машкото здравје и борбата против ракот на простата.

Меѓу нив беше и д-р Владимир Чадиковски, специјалист по детска хирургија, супспецијалист по детска кардиохирургија, објави порталот Машки магазин.

Д-р. Чадиковски по овој повод даде интервју за Машки магазин. Тој рече дека е ова е негово прво учество на овој настан, а се приклучил поради неговата цел, но кажа и дека е страствен љубител на мотори.

Во интервјуто, познатиот доктор откри и дел од себеси, односно каков е кога не е операциона сала.

-Не сум голем љубител на костумите и ги носам само на формални настани. Најкомотно се чувствувам во спортска варијанта, посебно после поминати долги часови во операциона сала.

Изминативе две години активно возам мотор па затоа и се повеќе ми привлекуваат внимание парчиња на облека соодветни за таа намена.

Страствен љубител сум на мотори и многу ми е драго дека на овој настан бев опкружен со блиски пријатели кои како мене веруваат во важноста и потребата од ваквите движења и настани“, додаде Чадиковски.

Мажите почесто ги одложуваат рутинските прегледи при редовни или при хронични состојби. Ако зборуваме конкретно за подигнување на свеста за превенција од рак-от на прос-тата исклучително е важно е да се нагласи дека раната фаза обично и не предизвикува симптоми.

Затоа неопходна е редовна превентивна посета на уролог. Затоа и мојата порака е да не се одложуваат редовните неопходни контроли“, порача докторот.

Претходна статијаДара Бубамара прозборе за сочните гради, а потоа за малку ќе ја бакнеше Милица (ФОТО)
Следна статијаПроф. Трајковски: За неколку дена ќе бидеме на ниво кога ќе биде фер ЕУ да ги подигне рампите за Македонски граѓани