Туна Сејди во Македонија стана позната откако учествуваше на натпреварот за млади таленти „Плеј потрага по ѕвезда“ и остана запаметена како еден од најдобрите пејачки.
Таа секако е една е една од најуникатните пејачки, и според начинот на музичката изведба и според екстравагантниот имиџ. Туна во последно време кариерата ја гради на албанската и на косовската естрада.
Сега Туна е горда мајка на Тиaн кој има неполни четири години, и успешно го менаџира приватниот и професионалиот живот.
Тиан е прв син на Туна и на нејзиниот сопруг, Патрис Бериша. Роден е во мај во 2017 година. По теркот на светките ѕвезди, Туна на својот Фејсбук профил објави фотографии од бебето само неколку часа по породувањето.
„Имаше моменти на дилема дали тоа што го направив е вистинскиот чекор и дали беше преголем луксуз за мене. Публиката не ја интересира дали имаш биолошки план. Едноставно сака да те гледа во тој континуитет на настапи, со нови проекти.
Се трудев да го избалансирам сето тоа и си ветив себеси дека кога ќе се вратам сакам да се почуствувам потполно обновена, за да можам да направам едно силно ребрендирање.
Зошто многу е тешко за уметниците кои се многу малку на албанскиот пазар, и не само на тој, тоа е општо насекаде… доаѓањето на нови трендови и конкуренцијата е секогаш силна, а тоа те мотивира да работиш повеќе.
Оваа пауза многу ми значеше зошто од секогаш сум ги гледала работите на долг план.
И кога сум имала фаза на врвот на кариерата, со по три настапи на ден, во позиција да имам една од најплатените сезони, да бидам на листа на најплатените пеачи на пазарот, најважно ми било да има квалитет во сето тоа за да можам да ги планирам работите долгорочно.
Сега гледам дека многу работи не се сменети во меѓувреме. Но ми се чини дека албанскиот пазар за ова време е многу напреднат. Но јас немам класичен менаџмент , како оној на почетокот на кариерата со М2. Сега такви продукциски куќи нема и за сè одлучувам сама.
Нема менаџер кој ќе застане зад тебе, а ти ќе бидеш само во креативниот дел. Работите се поделени, имаш букинг агент задолжен за концертите, класичен ПР и секако тим на стилисти, hair&make up артисти кои ме следат со години“, раскажа Туна за магазинот „Машки магазин“.
Туна живее на релација Приштина-Тирана- Скопје каде што е нејзиното семејство. Туна во последно време ја нема многу во јавноста, а како што може да се забележи послабо е активна на својот Инстаграм профил.
Тв магазинот Бекстејџ објави која беше причината на тоа, Туна се повелече затоа што го очекуваше своето второ дете. Туна во овој период има вистинска причина да биде среќна.
Туна Сејдиу по втор пат стана мајка птред неколку дена. Таа се породи со синот Зен. Породувањето поминало во најдобар ред, а бебето и мајката се добри. Туна објави фотографии од породилна сала и напиша:
Се молев на Бога да ми донесе маж што секогаш ќе ме сака. Ме благослови со два сина. Среќен ден на мајките. Горда мајка на Тиан и Зен“.
Туна објави слика од двата сина како се гушкаат и соп неа им го честиташе празникот Рамазан на сите свои следбеници. Малиот Зен сега веќе потпораснал, па Туна објави слика од неа со двата сина како ужива во прошетката во Градскиот парк.
Таа изгледа одлично по породувањето и веќе се враќа во форма.