Каролина Гочева во идила, објави убава новост (ФОТО)

0

Каролина Гочева, својата кариера ја започна уште како многу мала, а многумина паметат дека нејзин прв поголем хит е песната „Мамо пушти ме“, која и денес се пее.

Каролина во јавноста се појавува само кога има нешто да каже. И објавите на Инстгарам ги става дозирано, не пречесто, само со убав повод. Така летово изненади многумина кога објави слика во бикини, на летен одмор, но не ја откри дестинацијата каде летува.

Токму под оваа слика, таа доби комплимент од својата пријателка и постара колешка Калиопи, која ѝ напиша: „Убавица“. Во април минатата година, Каролина наполни 40 години. Роденденот, таа го прослави додека траеше карантинот, и напиша:

„Другари, фала ви на сите за честитките и прекрасните зборови, ова бројче заслужуваше посебна журка, но и вака не е лошо… Не е важно колкав е кругот, туку кој е во него. Ве сакам. Cheers“.

Каролина позираше во својот дом, покрај сликата од нензиниот сопруг Михаил Корубин, ликовниот уметник. Каролина му е инспирација на Михаил за повеќето од неговите дела. Михаил ја наслика насловната слика на еден од албумите на Каролина.

Каролина му е голема поддршка на својот сопруг, и тој нејзина. Пејачката беше дел од изложбата на Корубин, минатата година во Њујорк, заедно со нивни блиски пријатели. Таа понекогаш знае да објави спомен од нивните патувања во Америка.

„Ние живеевме заедно и пред бракот, тоа е само и еден вид официјализирање, убавината е во заедничкиот живот, а тоа би го правеле и без бракот.

После толку време заедно, мислам дека си ги знаеме сите „цаки“, така што погледот е доволен. Научивме многу еден од друг, доволно сме различни во позитивна конотација за да прифатиме нови работи едне од друг“, изјави Корубин за порталот „Машки магазин“.

Во порталот Фешнел, Каролина еднаш ја прашаа: Имате помош од професионален стилист, но колку се плашите од модни промашувања и дали сметате дека Ви се случиле?

-Секако дека ми се случиле, нормално дека и јас кога ќе видам некоја своја фотографија од пред неколку години, ми се случува да посакам да ја запалам (се смее), но секој прави грешки, тоа е потполно природна работа.

Секогаш сум облекувала парчиња во кои се чувствувам добро и никогаш не сум сакала слепо да следам модни трендови“, одговори таа. Каролина минатиот месец наполни 41 година,и по тој повод многу нејзини пријатели споделија стоориња за да ѝ честитаат.

Меѓу нив се Елена Ристеска, која вчера славаше роденден, а Каролина со стори и честита, па Елена сега и возврати. Потоа, таа реобјави и стори од Весна Петрушевска, од нивната последна дружба пред пандемијата.

Но, она што таа неодамна го сподели е еден емотивен спомен, кој е исто така за роденден, но не нејзин. Каролина се сети на својата упокоена баба, за која рече дека била вистинска битолска госпоѓа.

Таа објави слика од целото свое семејство, како го слават нејзиниот 90 роденден, пред осум години. Пејачката се огласи на социјалните мрежи, со убав повод и напиша:

Драги мои пријатели, Мислам дека веќе можеме да си дозволиме да споделиме и по некоја убава вест.

Многу се радувам што конечно можам да Ви го најавам мојот нов албум – проект на кој заедно со Duke Bojadziev и Ismail Lumanovski работевме скоро две години.

Албумот го снимивме на почетокот на оваа година, во јануари, додека идејата за истиот се роди уште во 2016та, после нашиот прв заеднички настап, на еден концерт на Дуке.

Избравме и преработивме 11 од најубавите македонски евергрини од 50ти, 60ти, 70ти години- златната ера на македонската музика, потпишани од некои од нашите најмаркантни автори Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица…

За неколку дена ќе може да го слушнете првиот сингл ,,Идила”, додека целиот албум ќе биде достапен наесен.

Секако дека планираме и нестрпливо го чекаме денот кога со вас ќе се дружиме и во живо, што ќе се случи во прва прилика штом ќе може да се работи онака како што се работеше до пред појавата на пандемијата.

Се надевам дека ќе уживате во овој проект толку колку што и ние уживавме во целиот процес на неговото создавање.

Во меѓувреме, погледнете мала најава за ,,Идила”. Ве сакаме“, напиша Каролина.

Претходна статијаМики Црнокрак го откри своето вистинско име и прослави роденден на егзотична дестинација (ФОТО)
Следна статија(ФОТО) Водителките Цеце и Александра од „Брза кујна“ се едногласни: Не треба да биде чудно ако се дои на јавно место