Живкица Каленикова е долги години познато ТВ лице. Таа кариерата ја започна во Македонската телевизија, работеше и во радио, а последен нејзин Тв проект е емисијата Тунел.
Нејзиниот Фејсбук статус неодамна раскажа вистинска приказна што ѝ се случила движејќи се низ Скопје, и зборува за тоа колку и во ова време на пандемија може убаво да се живее.
Една непозната девојка денес ми го стопли срцето и баш ми го направи денот , имено на семафор излегува на дождот се фаќа за задната врата од мојот автомобил.
Јас благо изненадена и само ми вели отворена ви беше вратата , просто се шокирав , не ми свиреше , мафташе да ми укаже како што обично сите правиме не мислеше на себе да не наврне туку едноставно помогна.
Девојко алал ако се прочиташ , пиши едно кафе честам. Дечки можеме многу убаво да живееме. Да бидеме љубезни“, напиша Живкица.
За своето одбележје, а тоа е брзиот говор по кој е караткетристична таа искоментира во едно интервју за Женски магазин:
-Брзото зборување е дел од мојот карактер. Сите ние имаме свои обележја. На почетокот кога учевме и вежбавме говор итн. Лилјана Крстева се обидуваше да ме коригира кога е во прашање брзината.
По неколку гафа, бидејќи се обидував вештачки да ја коригирам брзината, а мислата си течеше, сфативме дека навистина е подобро да си остане моето темпо, такво какво што е. Потоа Лилјана ми велеше добро е што јасно и читливо зборуваш, нека остане така“.
Живкица е сега среќна сопруга на Зоран и мама на три, два сина и една ќерка. Во интервју за Фешнел, таа зборуваше за своите деца и спомена на што ја има научено мајчинството.
– На максимална посветеност, одговорност, трпеливост, неизмерна и безусловна љубов, секојдневна инспирација, мала исцрпеност, но и на неверојатна моќ и сила да бидете полни со енергија тогаш кога ќе помислите дека сте преуморени.
Даријан – лидер , Марко – борец и Ана – итрица.
Даријан е многу самостоен можеби и со самото тоа што за брзо време стана поголем брат го направи лидер во тројката, Марко типично за децата во средина се бори за своето место под сонцето и сѐ мора да направи што прави и неговиот брат.
Секогаш мора да му се потврди дека е најдобар најумен, и голем маж (се смее). Ана е навистина миленичка на сите, особено на нејзините браќа и дури откако родив девојче ми стана јасен муабетот за девојчињата и нивната природна итрина“, рече таа за децата.
Отватањето на границите со Грција пред неколку дена, Живкица го искористи да го посети Егејското море, па на Инста стори таа ибјави слики од песочна плажа и им посака добро утро на своите пријатели.
„Кажете ми дека светот се врти од своите почетоци“, напиша Живкица до сликата од убавата плажа, а на другата слика порача: „Покриј ме со сонце“.
Живкица е и сега на плажа, како и многу македонци кои продолжениот викенд го искористија да заминат и да уживаат во убавото време во Грција.
Таа објави слика како ужива покрај море со интересна порака на шолјата на која пишува: Нормалното е здодевно. Потоа, објави слика и до своата ќерка Ана, со која позира на интересен начин.