Девојките лудуваат по него, а го сакаат и децата и повозрасните и поради неговата музика, песни и скромноста. Влатко Лозаноски со прекар Лозано е несомнено нашиот најпопуларен пејач.
Влатко неодамна искрено зборуваше како останал имун на сите лоши работи и пор -оци кои ги носи неговата професија, музиката, и рече дека неговата професија воопшто не е лесна, а се присети и на неговите не толку лесни почетоци.
-Од Кичево сум одел со автобус да снимам во Тетово, снимам и со следниот автобус сум брзал за да се вратам“, рече Кичевченецот. „Жртвата е многу тешка“, рече Лозано. Влатко зборуваше и дека е голем тремаџија и за тоа дека му треба доста време да се опушти на концерт.
Влатко рече дека првпат сфатил дека е познат после шоуто Мак ѕвезди, и зборуваше зошто никогаш не посегнал кон по роци. „Нема потреба од такво нешто, се е психолошки момент. На р коти -кот е публиката, таа ти дава екстаза.
Реално како иднивидуа сум голем тремаџија. Денеска и да имам пет шест концерти, имам трема. Но, се опуштам после првата, втората песна,“, изјави Лозано во емисијата Еден на еден. Секогаш си имав некој ритуал сопствен. И моите колеги пред концерт ми зборувале- зошто вака си чуден? Кога имам некој важен настап, не сакам да сум со луѓе.
Сакам да појдам на некое место каде што сум сам, глeдам Нетфликс, и не мислам на она што следи. Не знам дали некому му успеало, на некој што е нервозен да му речеш: Не се нервирај!
Потоа Лозано зборуваше за својот голем концерт во салата Борис Трајковски кој се слули во 2019 година, а имаше околу 10 илјади луѓе во публика. На концертот во Борис Трајковки не очекував дека ќе има толку многу луѓе. И си мислев, може да се случат некои чудни работи.
На пример, ќе ми падне рефлектор, се сопнуваш, некои банални работи…“, зборуваше Лозано за своите стравови пред да излезе на сцена. Во друго интервју за Женски магазин, музичката ѕвезда искометрира дали повторно би одел на Евровизија, но раскажа и за неговиот прекар- Лозано.
– Искрен да бидам и имам, но и немам добро искуство од Евровизија. Би сакал нормално повторно да ја претставувам Македонија, но само доколку имам добра песна и добри услови за работа, за да сепак го оправдам моето учество пред публиката“, рече тој.
Лозано секогаш пее песни кои допираат во срце, а една таква е Километри, која поради своите стихови е хит во дијаспората. Лозано сега испеа уште една слична песна која е посветена на љубовта, на реката Вардар и на Македонија.
Песната е веќе хит во дијаспората, и многумина се пронајдоа во неа. И во спотот, тој раскажува пелчабраска приказна, во еден кадар мајка му го испраќа од родниот дом. Лозано во неа вели:
Знам како е да немаш, знам како е да немаш, во ладни утра, сиви чувства и само празнина без крај. Мој Вардаре ми кажи, колку ли криеш тајни, на луѓе приказни, тајни оловни, на дно заборавени.
Мој Вардаре, кажи ми, кажи Вардаре колку ли криеш во себе, вистини некажани. Кажи ми, кажи Вардаре, те молам кажи Вардаре еј со векови, колку ли солзи криеш ти, колку ли солзи криеш ти. Хеeеј, први бакнежи, тажни разделби. на дното ги чуваш Вардаре.
Браво мајсторе, секоја чест, ежење, се коментарите кои ги доби под песната, а еден од нив вели:
Прекрасна песна, како и сите други. Со секоја песна од ново не воодушевуваш, секоја чест, од добро подобро. Само продолжи така, ваков талент ретко се наоѓа на Балканот, а камо ли во Македонија. Заслужуваш милиони и милиони прегледи. Јас сум ти верен фан, и ја имаш мојата поддршка. Е ова е за на евровизија, а не оној Васил“.
Лозано гостуваше во емисијата Магазин на ТВ Сител и иако сме навикнати тој да е скромен и резервиран музичарот овој пат се отвори како никогаш досега.
-Кога правам нешто, се трудам да не изрегирам веднаш, претпоставувам дека самото решение или самиот одговор кој треба да се даде има уште милион други комбинации.
нам што е работно, што е приватно, оние што ме знаат приватно можеби ме знаат и малку понаку, каков е Влатко.
Можеби поведар, можеби поослободен, итн, итн., така да гледам тоа што е за јавност да е за во јавност, тоа што е приватност да е приватност, ако и приватноста биде јавна, тогаш каде е приватноста?
Често одам во Кичево, се дружам со мајка ми и со татко ми, одиме во нашата викендица во Белица, континуирано работиме таму, во тие моменти не сакам да објавувам што правам како правам, едноставно да си уживаме и во физичката работа.
Таму е убаво место, на 760 метри надморска височина, Кичево е на 660. Другото слободно време, кога беа фитнес центрите отворени често ги посетував, сакам да спортувам, два пати неделно фудбал игравме“, рече Влатко, а потоа за него зборуваше неговиот пријател Бојан Јовановски.
Бојан, кој всушност е член на неговиот бенд веќе 10 години. Прашањето од Бојан до Влатко беше: Зашто се разбира од географија, нека каже кој е главен град на Литванија. „Драго ми е што тој гостин сте го одбрале.
Боки е еден од подргаите мои другари и соработници. Да, беше генерално искрен“, рече Влатко за коментарот на Бојан дека тој има трема пред настапите. Потоа одговори дека главен град на Литванија е Вилнус, но и кажа и дека омилен дел во целата негова кариера е концертот во Борис Трајковски каде што очекувал да има луѓе колку да не е празна салата, а излегла полна.
„Тие слики од тогаш, никогаш, додека сум жив нема да ги заборавам“. Водителката Јана искоментира дека љубовта е главна тема во сите негови песни и го праша дали тоа се негови лични искуства, на што Лозано одговори:
-Не мора да значи. Можеби биле сите приказни, приказни од луѓето. Љубовта, без разлика кон што имаме е љубов и мора да биде присутна, нормално. Километри е базирана на љубовта, но не љубовта кон дечко и девојка туку љубов кон се.
Тука има и родољубие, љубов кон родителите, кон мајката, кон таткото, љубов спрема земјата, љубов спрема родното место. Нашето тло во Македонија има приказни многу да се направат баш како што кажуваме во песната Вардаре, има приказни да кажува многу тома“, рече пејачот.
Водителката потоа рече дека има луѓе коишто веруваат дека вистински сакаш само еднаш, а има и луѓе кои велат дека ако отвориш срце може и повеќе пати да сакаш.
– Да, со отворено срце може да се случи“, рече Влатко, а на ова водителката го праша: ти во која група припаѓаш, а тој рече: Па, најверојатно во втората.
Со отворено срце сум, никогаш никого не сум мразел, едноставно луѓето никогаш не треба да се мразат, треба да се најде решение за се, да сме толерантни, со толеранција може се да се реши, така да, им посакувам само убави работи“, рече Лозано.
Познато е дека пејачот беше во врска со Савка Грачанин, и пред неколку години ја раскинаа свршувачката, а оттогаш Лозано не зборува многу на темата љубов. Во едена прилика, тој рече дека се уште одржува контакти со неговата поранешна девојка.
На крајот рече дека споредбите со Тоше Проески не му причат туку му годат, но тој има свој музички пат кој публиката го има препознаено.
Лозано гостуваше во „Бекстејџ“ и тау ја коментираше својата нова песна „Вардаре“, која ја сака цела Македонија и цела дијаспора. Пејачот се осврна и на негативните коментари за песната.
-На некого му се свиѓа, нормално дека има и некои негативни коментари, но луѓето се такви какви што се мора да има и маани, ако нема маани, не е интересно. Некои луѓе ги сакаат луѓето и ради мааните некогаш, така да, нека има од се по нешто“, рече Лозано.
Потоа, новинарката се обиде да го праша за неговиот приватен живот, кој Лозано секогаш го држи подалеку од очите на јавноста.
-Се уште ќе оставам, нека биде мистерија и енгима, така што, обично приватнот живот гледам колу можам да го оставам само за себе. Но, некогаш, ете и вие новинарите обично знаете да прондајте нешто што е приватно.
Не само кај мене, туку и кај сите останати. Нормално, и за вас и за публиката тоа е интересно. Малце ќе оставам да биде мистерија и енигма“, рече Лозано.