Шефицата на македонската делегација на Евровизија во солзи, Гарванлиев ја теши (ФОТО)

0

Нашиот евровизиски претставник, Васил Гарванлиев, за свеченото отворање на 65-то издание на Евровизија, на кое продефилираа сите земји учеснички на изборот за најдобра песна во Европа избрал интересна модна комбинација со уникатен детаљ, огледала во вид на круна.

„Официјално започна. Колку убаво патување досега и конечно имам прилика да запознаам некои од артистите. Ти благодарам Евровизија за овој прекрасен настан“, напишал пејачот под објавата.

Васил за официјалниот сајт на Евровизија го открил значењето зад круната од огледала. „Огледалото секогаш ја открива вистината, без разлика дали таа е добра или лоша“, изјавил тој.

Негов пријател и соработник објави слика на која е прикажана хотелската соба на Гарванлиев во Ротердам. Освен убавиот поглед, впечатливо е македонското знаме со кое е покриен креветот на Гарванлиев.

Премиерот Зоран Заев го поддржа Гарванлиев.

-Вечерва нашиот македонски баритон Васил Гарванлиев настапува на првото полуфинале на „Евровизија“ под редниот број 6.

Ве повикувам сите кои живеете во странство и кои според евровизиските правила имате можност да гласате да го дадете својот глас за Васил и “Here I stand”. Тој гордо стои пред сите нас, да застанеме и ние до него. Среќно Васил!“, напиша Заев.

На ова, Заев доби коментар од човек кој е најверојатно од Бугарија, кој напиша: Бугарија е со Васил. Горе и напред. Политиките не разделуваат, музиката не соединува. Еден народ, една мисла, едно срце“, напиша извесен Методиј.

Се огласи и Гарванлиев по настапот и напиша: Чиста радост. Никогаш немој да престанеш да веруваш. Верувај му на своето срце. Остани силен. Сонувај големи соништа. Отвори се. Дозволи да се случи!

Годинава, по долги години Каролина Петковска не ја коментираше Евровизија која се одржува во Ротердам, ниту во живор ниту од студиото на МТВ.

Овој пат, го немаше гласот на Каролина и нема да го слушаме она познато нашиот јужен сосед. Евровизија ја коментираше Ели Танаскоска. Таа е долги години едно од заштитните лица на Македонската радио телевизија, водителка и новинар што ја сакаат сите генерации.

Ели во моментов ја води емисијата „Неделен магазин“. На почетокот од првата полуфинална вечер, Ели упати апле, ги повика сите македонци од дијапората да гласаат за нашиот претставник Васил Гарнванлиев.

За жал, Гарванлиев не успеа да ја однесе Македонија во финалето на Евровзија. Земјите кои влегоа се: Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија и Украина. Ели Танаскоска објасни на крајот од преносот: Васил имаше одличен настап, но сепак, гласањето е важно.

Ниту земјите од екс Југославија, Словенија и Хрватска не успејаа да добиат влез за финалето во сабота. Васил со овие зборови се обрати на својот Фејсбук профил:

-Историски момент… И повеќе од тоа, МОЈАТА ПРИКАЗНА!
Застанав на таа сцена со искрена и отворена душа, гордо да ја претставам Македонија и пеев за сите нас.
Благодарен сум и горд, и ова е само почеток на едно неверојатно патешествие.

Ја чувствувам вашата искрена љубов, енергија и гордост. Нема да го заборам тоа! Стоиме заедно и силни. Така ќе ја обоиме темнината со светлина и ќе ја исполниме омразата со љубов.

Стојам тука за вас и најдоброто допрва следува. Ви благодарам за вашата поддршка, пораки и гласови. Ве сакам, Васил.

Оваа случка, невлегувањето во финалето, тешко ѝ дојде на шефицата на македонската делегација Александра Јовановска, која е водителка на емисијата „Стисни плеј“. Слика од Александра се појави на Фејсбук.

На неа се гледа како Васил ја прегрнува за да ја утеши, а таа рони солзи, најверојатно поради тоа што Васил не влезе во финалето на Евровизија.

Претходна статијаСузана Турунџиева верува во чуда, еве како ѝ помогна на својата ученичка (ФОТО)
Следна статијаПознатата водителка едвај останала жива, сè поради сопругот