Сузана Турунџиева верува во чуда, еве како ѝ помогна на својата ученичка (ФОТО)

0

Познатата пејачка, писателка, водителка и наставник по музичко образование Сузана Турунџиева продолжува со своите хуманитарни дела и убавините кои ги прави за нејзината пријателка Атиџе Муратова.

За потсетување, Атиџе изминативе месеци живееше во домот на Сузана во Скопје, додека се гради нејзината куќа во селото Дорфулиуја. Сузе неодамна објави дека се при крај градежните работи во домот на Атиџе.

– Хуманите луѓе со големи срца, многу често остануваат анонимни. Затоа морам да напоменам дека сите градежни работи кои за рекордно време се направија во куќата на Атиџе во Дорфулија се реализираа благодарение на Маурисио Дибјаџио сопругот на најуспешната и најхумана Македонка во дијаспората Мариа Дуда кој отвори сметка за донации на која се собираа средства за овој голем проект.

Маурисио, бескрајно сме ти благодарни“, напиша Сузана. Потоа, таа ги повика пријателите повторно да ѝ помогнат на Атиџе. „Сите, кои од било кои причини досега не успеавте да се вклучите во хуманитарните активности за Атиџе изминативе месеци, ве информирам дека не застануваме овде.

Се уште сме и потребни за да го облагородиме ентериерот и дворното место , и секоја помош е добредојдена. Да живеат луѓето со големи срца“, објави Туринџиева, која се бори и Атиџе да го добие своето право на пензија.

– Човек најчесто страда поради непознавање на своите права. На иницијатива на мојата пријателка Тања Томовска, со Атиџе ги посетивме службите во ПИОМ. Огромна благодарност до г-ѓа Катерина која ни ги даде сите корисни информации, благодарение на кои приближно знаеме што е најдобра опција за остварување на нејзините права“, објави таа неодамна.

Потоа, по повод празникот Осми март, Сузана имаше емотивна објава за Атиџе, објавувајќи фотографија од неа во училницата на училиштето каде што работи. „Иако (за жал) немала можност да оди во училиште и да научи да чита и пишува, таа денес изрази желба со моја помош да ја напише честитката и на сите жени во светот да им го честита 8ми март“.

Атиџе се дружеше и со една од ученичките на Сузе, Дени, која одамна имала желба да запее со неа, и благодарение на наставничката оо музичко, желбата ѝ се остварила. Атиџе е човек кој премногу ги сака децата. Мојата ученичка Deni Zernovska е осмооделенка која премногу ја сака Атиџе и музиката .

Денес, одлучив да ја исполнам нејзината желба и да им пружам можност (на дистанца) да се запознаат и заеднички да запеат“, објави Сузана која со Атиџе подготвува нови песни.

Неодамна, Сузана славеше роденден, и многу пријатели ѝ го честитаа. Сепак, таа издвои само една честитка, токму од нејзината ученичка Дени, истата која запеа со Атиџе. Сузе објави видео од Дени како ѝ ја пее роденденската песна:

– Многу ваши честитки денес ми го разнежнија срцето, ама честитката на моите ученици и на Дени ми го стопија и срцето и душата. Бескрајно благодарам на сите кои издвоивте време и ми го разубавивте денот“, објави таа во видеото тогаш. Ученичката на Сузе Дени, иако е лице со попреч-еност, е доста музикална и Сузе со неа ги почна првите часови по музика.

-Не треба да веруваш во чуда, за да се случи чудо. Треба само искрено да сакаш и да имаш соништа – вредни за остварување.

со Дени го одржавме првиот час по клавири таа покажа и докажа дека не постои пречка која може да ја спречи. Twinkle twinkle in progress“, напиша Сузе.

Претходна статијаРебека романтично за Милан: Те сонив, сретнав и вкусив пред 26 години
Следна статијаШефицата на македонската делегација на Евровизија во солзи, Гарванлиев ја теши (ФОТО)