Пејачот Ѓоко Јовиќ ќе стане татко по четврти пат, еве како тој и сопругата дознаа за полот на бебето (ВИДЕО)

0

Ѓоко Јовиќ е еден од нашите најпознати пејачи, и кај нас, и во дијаспората а и во Србија. Во едно интервју за ИН ТВ проговори за моменталната тешка ситуација во која се наоѓа нашата земја. Тој меѓудругото вели дека кризата со вирусот лошо влијае врз нив музичарите, но и врз сите оние кои се засегнати од забраната за одржување прослави.

-Првите неколку месеци по прогласувањето на пандемијата на вирусот беше се во ред, убаво, дома со семејството, навистина имавме убави моменти, убава дружба со моите најсакани. Пред тоа бев на турнеја во Австралија и Америка, а имавме и неколку концерти низ Европа, но ова е веќе долг период кој што навистина е тежок. Ни забранија се, што се вели ни ги скратија нозете.

Немаме настапи, иако имавме некој настап секако со сите воведени протоколи и се како што треба, но не знам изгледа тоа на некого многу му смета и одма се фаќаат за нас музичарите. Мислам дека по протестот ќе се средат сите работи.-изјави Јовиќ во интервјуто за ИН ТВ.

„Како што знаете, потекнувам од Валандово. Во минатото моите родители се занимавале со земјоделие во кое преовладувал тутунот. И јас сум го работел тоа, знам колку е тешко и затоа ги ценам луѓето кои ја одржуваат во живот таа земјоделска култура. Не се срамам да зборувам за моето минато и секогаш сум подготвен повторно да го работам тоа.

Најважната лекција ја научив од татко ми. Еден ден ме седна и ми кажа: „Сине, јас можеби не сум ти дал богатство, но сум направил сите да зборуваат за тебе само убаво. Сум оставил чисто лице“. Тие зборови ќе ги паметам цел живот“, изјави тој за Женски магазин претходно. Искуството од таткото, тој им го пренесува на своите деца, Теодора, Михаил и Јоан, за кои вели дека се музикални и ќе го наследат.

Јовиќ се вклучи во живо на својот Фејсбук профил и со сите свои драги пријатели и следбеници сподели една убава вест, дека по четврти пат ќе стане татко, и на необичен начин го откри и полот на бебето.

-Драги пријатели, морам оваа радост да ја споделам со сите вас. Благодарам на мојата ќерка Теодоричка, што ни овозможи вакво изненадување“, рече Ѓоко и ја покажа сината алка која ја носи на раката.

-Јас сакам да виде машко, па сега ќе видиме балонот што ќе каже“, продолжи Јовиќ, а потоа го покажа неговиот кумашин и се спреми да го пукне балонот. Ајде да видиме сега, што ќе биде“, рече Ѓоко и се подготви со својата сопруга да го пукне балонот. Нивниот пријател што снимаше се пошегува: Пишувајте во коентари, машко или женско додека не почнало пукањето.

Потоа, балонот букна и од него излегоа сини балони, а сопругатра на Ѓоко водушевено рече: Машко ќе биде, а Ѓоко му се обрати на синот: Ќе имаме машко бебе, убаво, слатко ко тебе. Јовиќи продолжија да слават и да наздравувата со пријателите.

Почнаа да се редат честитки на во коментарите, а меѓу они кои честитаа беше и колешката и пријателка на Ѓоко Јовиќ, пејачката Сузана Гавазова. Таа напиша: Честитки, живо и здраво да е!

Всушност пејачот ниту неговата сопруга не знаеле кој пол ќе биде бебето, таа тајна ја чубала нивната ќерка Теодора, која заедно со кумата им го подготвила ова изненадување. Ѓоко за порталот ММС.мк претходно откри за што станува збор:

-Утрово сопругата Ивана, ќерка ни Теодора и кумата заминаа заедно на лекарскиот преглед, кога и ни го соопштија полот на бебето. Но, по желба на Теодора ,јас и Ивана не знаеме каков пол е, бидејќи таа вечерва подготвува специјална журка за нас, кога и ќе ни бидат соопштени убавите вести.

Теодора ги следи трендовите, па затоа розев или син балон ќе стават во црн балон, кој ќе го пукаат и во зависност од тоа каква боја е балонот, такво е бебето. Јас не можам да издржам до вечер, овие четири часа откако се вратија од лекар ми се катастрофа, горам од љубопитство, а не знам како Теодора, која има 13,5 години издржува да не се издаде, рекол Ѓоко за ММС.

-Ивана сакаше а и јас сакав да бидам искрен, така да планирано бебе е. Пандемијата ја искористивме за уште бебе, бидејќи нема настапи. Децата се богатство и јас и Ивана сакавме да имаме големо семејство“, додаде пејачот.

Претходна статијаМакедонија пак не влезе во финале, водителката Ели кажа зошто (ФОТО)
Следна статијаМаријана од Австралија емотивно за ќерката која е вистинска убавица (ФОТО)