Српскиот доктор Бранислав Несторовиќ е еден од најценетите лекари во неговата земја, но и пошироко на Балканот. За него рекоа:
„Ретко во животот ќе сретнете некој чија музика се слуша оддалеку. Го чувствувате „тапанот“ дури и пред да го видите човекот.
Кога имате среќа и да сретнете еден таков човек, застанувате скромно пред страста со која се живее еден живот. Еден од оние кои од животот создаваат уметност е проф. Д-р Бранимир Несторовиќ.“
Тој е педијатар, пулмолог и алерголог. Ставките од неговата биографија звучат импресивно, но тие сами по себе не би значеле ништо доколку не бидат поддржани од неговата силна и жизнена личност.
Неговото лице ќе го видите на телевизиите кога зборува за алергии или за комбинирање на различни методи на лекување. Бидејќи тој цврсто верува дека ретко кога само еден метод може да даде резултати.
Затоа тој ќе ги упати своите пациенти и на хомеопатијата и на фитотерапијата и ќе им даде надеж на сите, без исклучок. Како што вели д-р Несторовиќ, живеењето во еден мал град како што е Обреновац, кој се наоѓа во близина на Белград, си има и свои предности.
Тој повеќе бил во контакт со природата, поблизок со своите соседи и поповрзан во таа мала заедница, а сепак имал можност да ги искористи и предностите кои ги дава големиот град во близина.
Тој бил немирно дете кое според денешните критериуми, го исполнувал она што денес се нарекува нарушување на на вниманието и хиперактивност (АДХД).
„Живееме во култура на себичност, а тра.гедиите во животот потоа нè сведуваат на нашата суштина, сакале или не – стануваме она што навистина сме.
Се случи да се разболам и забележав дека по 7 дена луѓето престанаа да ми се јавуваат, бидејќи претходно сите главно очекуваа нешто од мене.
Малкумина се оние што ќе ви се јават за да ве прашаат како сте и дали ви треба нешто. “Ст.рашна е поуката дека на овој свет, луѓето без пари имаат малку пријатели.
Јас сум, всушност, грешка во сис.темот. Во современата медицина, системот од лекари прави роботи, не дозволувајќи им да размислуваат со своја глава.
Имав сериозни проблеми и кон.фликти затоа што не можам да преминам преку нешто, како на пример, за време на сезона на грип и некои превентивни мерки.
Поради лични причини не се согласив со некои ставови на конвенционалната медицина“, објасни д-р Несторовиќ, осврнувајќи се и на онаа, другата страна од животот за која ретко се говори.