Десет години држам бутик – ваков муштерија немав сретнато досега

0

Времињата се сменити, соочени сме со брз и неизвесен живот, кога сме оптоварени со работа и грижа за семејството и за тоа, за нас да си обезбедиме достоен живот сè помалку се грижиме за останатите луѓе и за нивната не среќа.

Обично секој си гледа за себе и нема време да обрнува внимание на туѓите животи. Секојдневно сме соочени со молби за донации кои за среќа барем се прифатени од голем дел од луѓето. Ако ништо друго барем колку се може се одвојува од семејниот буџет за да се помогне некому.

Тоа ни е доказ дека сè уште треба да веруваме дека постојат луѓе кои негуваат вистински вредности. Она што нам како луѓе ни треба е емпатија и хуманост за да може да одиме напред сплотени. Премногу сум благодарна за една слична случка која ја доживеав пред некој ден.

Јас некои десетина години држам бутик за гардероба. На почетокот почнав само со женски бутик, а потоа откако ми тргна работата, го проширив и со облека за мажи и деца.

Искрено не ми е многу лесно, одговорна работа е и бара и време и внимание. Пробував како млада да работам во фабрика, ама сфатив дека не сум за таму и сакав да пробам со нешто мое. Многу ми значеше помошта од родителите тогаш, да не беа тие немаше да успеам да застанам на свои нозе.

Тие ми беа и помошници, но сега веќе сама раководам со целата работа и имам три продавачки. Имам и големи трошоци, но еве толку години цела фамилија хранам од продажбата. И сопругот работи, ама најголем дел од парите идат од мене. Оваа година беше малку потешка.

Рабoта имаше послабо, луѓето не трошат на облека толку затоа што сепак нема кај да се оди, децата не одат на училиште и од една страна родителите заштедија многу на гардероба, но од друга пак, ние работиме со загуба.

Некои од странските фабрики не работат, па немаше доволно нова роба и искрено многу тешко ја поминавме годината. Не се живее само од заштеди, но се надевам дека за сите, па и за нас трговците следната година ќе биде подобра.

Не ја губам надежта затоа што постојат и добронамерни луѓе и тоа го увидов пред некој ден. Бев прва смена на работа во бутикот и дотогаш баш и немаше многу муштерии. Влезе еден постар господин. Уште веднаш по стајлингот можеше да се забележи дека е образован и добро ситуиран.

Онака сабајлечки, облечен во сако и кравата, веднаш асоцира на некој угледен човек. Дојде човекот да побара облека за подарок на неговите внучиња кои требало тој ден да стигнат од странство. Сопругата му била на работа, па негo го испратила да купува.

Како и обично, му препорачав некои работи и човекот воопшто не се мислеше, ги зеде најубавите, но и најскапи комплети за дечињата. Избра нешто и за сопругата во знак на внимание.

Така, прашувајќи ме за облеката, ме размуабети за тоа дека досега не доаѓал да разгледува во бутикот, имало доста убави работи и почна да ме прашува како оди работата, од каде ја увезувам облеката и слични работи.

Толку беше опуштен и заинтересиран, ме прашуваше колкави количини нарачувам, што мислев во секој момент дека ќе ми предложи соработка затоа што рече дека има фирма и неговите вработени носеле униформи. Тоа не се случи, но се случи нешто што многу ме изненади.

Не знам дали беше од сожалување или едноставно како еден вид на благодарност, но човекот плаќајќи ја сметката ми пушти 50 евра бакшиш.

Нормално не сакав да прифатам толку пари и му реков дека не е во ред, јас заработувам само онолку колку што ќе продадам.

Господинот многу инсистираше да ги прифатам како знак на поддршка во овие тешки моменти и воопшто да не се грижам за тоа.

Не знаев што да речам, бев многу благодарна и го поканив повторно да дојде во нашиот бутик и дека следниот пат ќе има гратис од мене.

Обработи: С.С. Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаИлина Арсова ја раскажа својата борба со вирусот – кој и го пренел и со што се соочува сега
Следна статијаМарина Туцаковиќ се бори како лав, синот објави нејзина најнова слика