Среќа што татко „замина“ за да не гледа како со брат ми не зборуваме поради жена му

0

Родители, мајки, татковци, жени, снаи, свекрви – наместо да живееме во мир и спокојство, се нешто мора да создава немир во семејствата, кавги и предизвикува родени браќа или сестри да ги расипат своите односи. Така и исповедта подолу:

„Не случајно се вели дека со некој можеш да бидеш толку блиску, а толку далеку. Некогаш и не е толку битно, но кога станува збор за навистина блиски личности, е тогаш треба да се удриме во глава.

Мене тоа ми се случува секој ден. Кутриот мој тате, да беше жив, сам ќе се изедеше поради тоа што го гледа. Двајца браќа, а налик двајца непријатели.. нè остави сами мислејќи дека ќе живееме во слога и заедничка работа.

Мајка ми како да претпоставуваше дека ќе се случи ова. Уште кога брат ми се женеше, го предупреди да си внимава на неа затоа што ќе ни донесе проблеми. Постојано не советуваше да се држиме заедно.

Ама ете, така требало да биде. Ептен е потпаднат под влијание на жена му. Јас останав да живеам во куќата на татко ми, а тие се преселија во стан. И подобро што е така. Барем не ја слушам секој ден.

Греота за брат ми, но и тој сам си бира. Наместо да се сложува со мене, тој на секој начин гледа да ми напакости и да ми префрли. А не можам ништо да сторам затоа што работиме заедно. Секој ден се гледаме.

Се обидував неколку пати сам да почнам со нешто, ама не бидна. Ми фалат пари, помош и ајде си велам да не им давам прилика на луѓето за озборување на двајцата браќа ќе продолжам со работата.

Работиме од деца заедно, татко ми ни остави кафанче и не сакам ни да ни се руши угледот и работата. Некој би се прашувал дали имаме заработка од тоа, но нека не ве чуди тоа што луѓето скоро секој ден.

Добро заработуваме и понекогаш одиме и во домовите на луѓето и фирмите па таму работиме. Е сега, очигледно снаата си има некаков проблем со нас. Нема ден а да не си слушнам некој муабет по луѓето за мојата жена.

Изгледа вистина е верувањето дека две јатрви не може да се сложуваат. Жена ми се нервира поради тоа, не знае и самата што да прави. Децата воопшто не се дружат. Женава им ги полни главите и на нив и на мажот и.

Сè нешто и фали, се нешто не е погодена. Жена ми работела во фирма и земала поубава плата, демек како сум можел јас да ја наместам нејзе таму, а тој не можел. Женава сама ќе се изеде заради нејзиниот неуспех, заради тоа што работи во конфекција.

Еднаш отидов на село со жена ми да донесеме некое јаболко, крупи, ореви од дрвцата покрај старата куќа. Собравме неколку вреќи и дома поделивме и за нас и за нив. Ама госпоѓава иако ги зеде не била задоволна.

Измислила дека за нас сме си зеле поголеми и поубави плодови, а за нив тие малите и расипани. Брат ми беше свесен дека не е точно тоа, но само ми крена раменици кога сакав да зборувам со него.

Страв и трепет му е жената. Постојано загледува што ново ќе купиме, кој ќе ни дојде на гости, со кои се дружиме и само нешто клевети. Си зборувала меѓу луѓето дека сме биле во лошо друштво, нашите пријатели биле измамници, лажеле и не знам веќе уште што.

Еден период на жена ми и скисна од слушање муабети по народот и сакаше да и отиде и да се испокара со неа. Јас ја одвратив, зборував со брат ми, но немаше корист. Оваа уште толку се засили, секогаш во нивна корист, а огрдувајќи не нас.

Ако и зборуваш, ти си виновен затоа што се расправаш, таа само вистината си ја кажувала. Се грижам само да не почне да им љубомори и зборува зад грб и на нашите деца.

Сега се уште мали, но кога ќе почнат со училиште ќе ги гледа како конкуренција на нејзините. Со брат ми не сме скарани, но човекот не сака ни во очи да ме погледне.

Мубает не ми прави и тоа се поради неговата жена. Не сака со неа да има проблем, а не е свесен дека таа може и за најмала ситница да го остави, а јас ќе бидам секогаш покрај него.

Не знам од кога не дошле на гости ичи пак ние да одиме кај нив. Буквално луѓето ни станаа странци. Срам ми е од народот затоа што како двајца браќа не се држиме заедно и се гледаме под око.

Не знам уште колку планираат да тераат вака, но воопшто не е во ред ваквото однесување. Мора да ја советува некој женава затоа што ќе не омрази целосно со брат ми.

Обработи: С.С. Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаДац прозборе за љубовта: Во животот не треба да чекаш да помине бурата
Следна статијаТој беше Елвис за Југославија: Се одјави уште еден легендарен ЈУ пејач од времето на нашите мајки и татковци