Ана Јовковска: Неколку години немам ни здравствено ни пензиско осигурување

0

Ана Јовковска е колумнистка, ТВ-водителка, специјалист за односи со јавност и промоција, тренер за личен и професионален развој, активистка и хуманистка…

Таа е храбра жена и грижлива мајка, активистка и амбасадор на добра волја на кампањи за човекови права, здрава животна средина, социјална инклузија, родова еднаквост, права на животни… Ана има издадено три свои авторски книги.

Првото нејзино дело е „Пулсот и времето“ , по него е „Ехо на слободата“ а третата е „Сакам, значи постојам“.

Нејзините објави на Фејсбук, секогаш имаат многу допаѓања и коментари, а таков е и последниот, емотивен и многу искрен.

„Среќни и привилигирани сме сите кои имаме вистински блиски луѓе околу нас. Луѓето кои те сакаат никогаш нема да те остават “на цедило”. Тие се ветер во крилјата кога ти треба полет.

Тие се прегратка кога ти треба нежност. Тие се и подадена рака кога проблемите се нижат на ѓерданот на болката. Не ти го вртат грбот кога лицето ти е уплакано..

Не им тежиш кога тагата ти тежи. Не бегаат од тебе кога срцето ќе им го отвориш. Не се кријат во глувчешка дупка кога ти треба помош. Тие знаат да дадат и без да бараш. Не се глуви кога ги молиш.

Таквите луѓе имаат топли очи и емпатични срца. Таквите луѓе те учат да се бориш, низ примери и дела ти покажуваат што значи да истраеш.

Таквите луѓе се создадени од материјалот на љубовта. И ја крпат секоја нова дупка одново и одново, се додека твојот фустан не стане прекрасна творба на животот со сите несовршености и искуства.

Таквите луѓе расчистиле со суетата и себичноста кога ја избрусиле рожбата на зрелоста. Не ги пакуваат куферите кога станува тешко. Тие не се бегалци од животот.

Тие се тркачи на маратонот на добрината. Таквите луѓе имаат нешто што е повеќе од име, од термин. Тие се РОДИТЕЛИ! Не по вокација, ами по вистина. Тие се љубовта што те научила да љубиш.

Тиe се генот што клокоти во твојата утроба кога создаваш нов живот. Тие се ликот во огледалото кога ќе остареш. Тие се ѕвездите на небото што ти даваат надеж дека овој живот е убав, сега и тука!“, напиша Јовковска неодамна на Фејсбук.

Ана напиша интересен статус кој е поврзан со нешто што таа со нетрпение го очекува, а тоа терминот за имунуизација.

-Пред години кога чекав љубовни пораки не го проверував толку често мобилниот како сега кога чекам инфо за термин за вакцина!

Во меѓувреме, како фриленсер-ка чија егзистенција зависи од моментално сработеното, одбивам потенцијално ризични проекти со поголем број на луѓе (модерации на настани, дебати, секакви проекти од културата, обуки…

она што ми е главен извор на финансиски средства веќе седум години откако не работам во телевизија ) и губам долгогодишни клиенти.

Одамна е проблематично што неколку години немам ни здравствено ни пензиско осигурување, ама сега со пролонгиранава вакцинација во пандемискиве проклетија станува проблематично да се издржи во секој поглед.

Во овие година и три месеци не се пожалив, но некои луѓе и професии се навистина поранливи од други, не само од економски аспект, туку и од здравствен аспект.

Фото: Фејасбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаД-р Нико Беќаровски: Кои се шансите да ви се случи нешто при имунизација
Следна статијаДац прозборе за љубовта: Во животот не треба да чекаш да помине бурата